Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

215. Суштината на вербата

Вербата е чиста работа затоа што желбата за насладување не помага во работата, туку напротив – и се спротивставува, бидејќи природата на желбата за насладување го присилува човекот да работи само онаму каде што таа гледа и знае, но не над знаењата. Затоа соединувањето со Создателот е возможно само со верба над знаењата бидејќи таму има согласност на својствата, односно поголемо давање.

Затоа, ако основата во човекот е цврста, тогаш дури и да прима добрина, тој тоа го прифаќа како „предупредување“, што во гематријата е еднакво по смисла на зборот Тора (упатство). Тој треба да доживува страв и да гледа да не добива помош и поддршка од Тора, туку само од вербата. Дури и кога тоа му изгледа сосема непотребно, бидејќи прима само добрина, слично на добра земја, сепак треба да верува дека таква е вистината. Како што е речено: „Сите веруваат дека Создателот е Бог на вербата“, затоа што само со верба може да се задржи достигнатото ниво.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели