„Тора и Создателот се една целина“.
Се разбира, во процесот на поправање (работата) Тора и Создателот се два спротивни, па дури и поими кои се негираат еден со друг.
Создателот за нас значи соединување со сличноста на својствата и поништување на своето „Јас“ во Него (потребно е секогаш да си ја замислуваме оваа состојба која се случувала во минатото, кога човекот можел да го достигне најголемото соединување со Создателот – колку тогаш тој бил полн со живот и насладување. Постојано треба да се стремиме кон таква состојба на соединување со Создателот, кога духовното е нераздвојно. Бидејќи духовното носи исполнување, тој секогаш треба да се чувствува во добра состојба и да си го замислува минатото време на соединување, затоа што телото не се воодушевува од негативното, туку само од позитивното, односно од минатите достигнати состојби. Тие состојби телото може да ги прифати како пример).
Тора се нарекува Светлината која е вклучена во неа, која се чувствува за време на учењето и дава желба за давање на Создателот, како што е речено: „Оној кој ги знае наредбите на Создателот, ќе Му служи“. Затоа го чувствува своето „Јас“ кое сака да Му дава на Создателот.
Но, кога го достигнува нивото „Тора и Создателот се едно“, гледа дека сè е една целина, затоа што во Тора Го чувствува Создателот. Неопходно е постојано да се стреми кон Светлината на Тора која поправа и која може да се пронајде во учењето на Тора, но со учење на кабала таа Светлина може да се најде уште побргу.
За време на работата Светлината на Тора и Создателот излегуваат како спротивности:
· Или човекот се стреми да се прилепи до Создателот и тогаш не може да учи заради Светлината на Тора, а се доближува до хасадиските книги,
· Или се стреми кон Светлината на Тора која поправа, односно сака да го знае патот на Создателот, световите, нивните процеси и управување.
Ова се две спротивни точки, но во иднина ќе се надмине нивната разлика, како што е речено: „И ќе ги сотре тој сите граници на Моав“ (Бемидбар), а тие две ќе се соединат.