Слушнав на 3-иот ден од неделата Мишпатим (1943 г.), во Тел-Авив
„Писмената Тора“ се смета за будење од Вишото, а „усната Тора“ за будење на желбата на човекот од долу, од самиот човек. Тие две заедно се нарекуваат: „Шест години работи, а на седмата излези на слобода“ (Шмот 21).
Основната работа се случува токму онаму каде што има отпор и се нарекува „Свет“ (Алма) од зборот „Хе`елем“ (сокривање), затоа што онаму каде што има сокривање има и отпор, што значи и место за работа.
Затоа е речено: „Шест милениуми постои светот, а во еден ќе биде уништен“, односно ќе се уништи сокривањето, па затоа ќе исчезне можноста за работа. Но, Создателот за човекот ќе направи посебно сокривање кое се нарекува „крилја“ за тој да има можност да работи.