Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

229. Џебовите на Аман

Слушнав ноќта на празникот Пурим после читањето на Мегила (3-ти март 1950 г.)

Постои обичај на празникот Пурим да се јадат колачи во триаголна форма, наречени „хамен-ташим“, односно „Џебови на Аман“. И речено е дека „секој човек треба да се напие до тој степен, за да не може да ги разликува проклетиот Аман и благословениот Мордехај“. Затоа се јадат „Џебови на Аман“ – за да се запомни дека Аман ни дал само „џебови“, келим, желби, но не и исполнување, затоа што само големината на желбата за насладување се наоѓа под власта на Аман, а ние мораме да му ја одземеме.

Меѓутоа, исполнувањето на овие желби за наслада е невозможно со келим на Аман, туку само со помош на келим на „Мордехај“, намерата за давање, додека пак на келим за примање дејствува цимцум (скратувањето). За ова се вели: „Си рекол Аман во срцето свое: на кого, освен на мене, Царот ќе посака да му оддаде почит!“ (Мегилат Естер). Ова се нарекува вистинска желба за насладување. Затоа тој рекол: „Нека донесат царска облека, која ја носел Царот и нека донесат коњ, на кој јавал Царот!“.

Всушност желбите на Аман, кои се нарекуваат келим за примање, не можат ништо да добијат заради скратувањето кое дејствува врз нив. Во него има само желба и потреба за исполнување, односно тој знае што бара. Затоа Царот му рекол на Аман: „Побрзај и земи ја облеката и коњот и направи го она што рече, Мордехај, јудеју“.

Тоа се нарекува „Светлини на Аман во келим на Мордехај“, односно во намерите за давање.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели