Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

230. Голем е Создателот и само нискиот ќе Го види

Слушнав на Шабат Трума (5-ти март 1949 г.) во Тел-Авив

„Голем е Создателот и само нискиот ќе Го види“ (Псалм 138). Како може да има сличност со Создателот, кога човекот прима, а Создателот дава? За ова е речено: „Голем е Создателот и само нискиот ќе Го види“. Доколку човекот го поништи своето „Јас“, ќе го снема целото негово самостојно егоистично мислење и власта, која го одделува од Создателот и тогаш тој ќе Го види Создателот, односно се удостојува со Светлината Хохма, Светлината на мудроста и спознанието.

Но, оној кој е горделив и вообразен е далеку од Создателот. Оној, кој останува во својот егоизам, во своето „Јас“, во својата власт, тој се оддалечува од Создателот заради недостаток од сличност на својствата.

Нискост не е ако човекот се поклонува пред другите. Тоа е скромност која ја чувствува човекот во работата како совршенство. Нискост се нарекува чувството на срам и понижување кога целиот свет го засрамува и го понижува. Затоа во таков случај тој не чувствува никакво совршенство бидејќи тоа е закон на природата – сè што мислат другите, влијае врз човекот. Оној, кого луѓето го почитуваат, се чувствува себеси совршен, а оној кого го засрамуваат, се чувствува низок.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели