Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

233. Простување, покајување и искупување

„Простување“ доаѓа од зборовите „додавање кон доблест“. Со други зборови, благодарение на враќањето од љубов, кога лошите намери се претвораат во заслуги, човекот „ги додава“ во доблеста, односно во заслугите.

„Покајување“ доаѓа од зборовите „бркање на својот добиток“ (Шмот 22:4). Со други зборови, човекот ги брка од себе престапните замисли и одлучува од тој ден понатаму да го прави само она што ќе стане заслуга за него. Тоа се смета за враќање од стравот, кога лошите намери за него стануваат престапи.

„Искупување“ доаѓа од зборовите „И ќе го искупи жртвеникот“ (Ваикра 16:33), што значи „треба да добијат искупување преку тој човек“ бидејќи кога знае човекот за својата нечистотија, кај него нема сили и безобразност да влезе во дворецот на Царот. Затоа му е тешко на човекот, увидувајќи ги и спомнувајќи си за своите лоши дела, спротивни на желбата на Царот да работи со Тора и заповедите, да побара од Царот дозвола да се доближи и да се соедини со Него.

Искупувањето е неопходно за да не ја види својата жалосна состојба и целосната ништожност, како и да не си спомнува за својата положба, туку за да може да добие радост од тоа што има можност да работи со Тора и со духовната работа. Ако почне да престојува во радост, тогаш тој ќе може да побара да се соедини со Царот бидејќи Шхина завладува само онаму каде што има радост.

Затоа пред сè е потребно искупување. А потоа, враќајќи се од трепетот и стравот, човекот се удостојува со покајување. По покајувањето се враќа од љубовта и се удостојува со простување.

Треба да се верува дека сè што се случува во нашиот свет е последица од Вишото управување и дека не постојат никакви случајности. Исто така, мора да се знае дека сè што е запишано ни е дадено како предупредување, односно сите клетви кои ќе нè нагрнат, „ако не послушаме“, се големи страдања. Тоа не се, како што мислат и велат некои луѓе, благослови, туку клетви. Тие како доказ го даваат Магид од Козинец, кој секогаш ја кажувал молитвата „Издигнување кон Тора“, читајќи го поглавјето „Тохахот“ (предупредувања). Тој вели дека тоа се подлабоки клетви и несреќи.

Самите ние гледаме дека такви клетви постојат во реалноста, односно на овој свет ја чувствуваме горчината на страшните и неиздржливи страдања. Но, мораме да веруваме дека сите тие страдања спаѓаат во дејствијата на Вишото управување и дека Создателот одредува сè. Прататкото Мојсеј ги земал сите овие клетви и го соединил со Создателот, за што е речено: „И немаше пророк сличен на него според сите тие страшни дела“.

Кога човек верува во тоа, тој исто така верува и дека „Има суд и има Судија“. Затоа Магид се издигнувал кон Тора според поглавјата кои содржеле предупредувања, бидејќи само тој можел да ги обедини тие клетви и страдања со Создателот од причина што верувал дека „Има суд и има Судија“. Благодарение на тоа, од сите тие клетви произлегле подлабоки благослови, „Затоа што Создателот направил така, да треперат пред Него“.

Во ова е смислата на реченото: „Завојот е направен од самиот удар“, односно „по истиот пат, каде што се сопнуваат грешниците, ќе поминат праведниците“, затоа што откако ќе се појават на местото каде што немаат поддршка, ќе се појави нечистата сила (ситра ахра) и грешниците ќе се сопнат. Грешникот кој не може да оди со верба над знаењата, паѓа без никаква потпора. Тогаш тој останува меѓу небото и земјата бидејќи грешниците можат да дејствуваат само внатре во знаењата, имајќи „урокливо око и горд изглед“.

Додека пак, праведниците, кои „не гледаат од високо и не се вообразени во срцето“ ќе го поминат тој пат. Излегува дека тоа се претвора во благослов, бидејќи благодарение на тоа што човекот ги обединува сите страдања со Вишото управување и прифаќа сè со верба над знаењата, кај него се појавуваат келим, спремни да примат благослов.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели