Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

234. Оној кој ги напушта зборовите на Тора и се впушта во разговори

Слушнав во месецот Адар I (1940 г.) по патот во Газа

„Оној кој ги напушта зборовите на Тора и се впушта во разговори, јаде јаглен кој тлее“ (Талмуд).

Истовремено, човекот кој работи со Тора и не ја прекинува својата работа, Тора за него станува светол пламен кој го гори неговиот егоистички почеток. Благодарение на тоа, тој може да ја продолжи својата работа. Но, ако прекине на средина од своето учење, тогаш дури и да се врати повторно на неа и пак да почне да учи, за него Тора се претвора во „јаглен кој гори“. Значи, нема повеќе сила да го изгори неговиот егоистички почеток и тогаш за него се расипува вкусот на Тора, а тој е принуден да ја прекине својата духовна работа. Затоа, враќајќи се на учењето, човек мора да внимава пак да не го прекине своето учење на средина. Со помош на таа негова одлука за во иднина, тој повторно го разгорува светлиот оган на Тора.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели