Слушнав на 10-ти Елул
„Среќен е човекот кој не Те заборава и кој вложува напори заради Тебе“ (од молитва). Кога човекот оди „во бела Светлина“ (во откривање), тој секогаш треба да памети дека се удостоил со сè што има, исклучиво благодарение на тоа што се согласил да ја прифати врз себе состојбата на „темнина“. Треба да ги вложува своите напори токму „заради Тебе“, за да се држи за Создателот, како што е речено: „Сите веруваат дека Тој е Бог на вербата“. Иако човекот сега не гледа никаква потреба да работи во верба, бидејќи сè е отворено пред него, сепак е обврзан да верува над знаењата, дека секогаш може да се зацврсти во вербата.
Во ова е смислата на реченото: „И виде Израел сила голема... и поверуваа тие во Создателот“ (Шмот). Значи, без оглед на тоа што се удостоиле „да видат“, сепак тие имале сила да се потпрат на вербата.
Затоа е неопходно човекот да вложи посебни напори за да не падне од своето ниво, слично на „Ливни и Шими“ (Шмот 6:17). Инаку ќе излезе дека само за време на некое просветлување тој ќе може да ја слушне Тора и заповедите, како некој услов. Мора да ја слуша без никакви услови. Затоа за време на просветлувањето човекот треба да се погрижи да не ѝ наштети на својата спремност да оди во темнината. И ова е доволно за оној кој разбира.