Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

240. Повикај ги оние кои Те бараат, оние кои сакаат да го откриеш Твојот лик

Слушнав на првиот ден од Слихот (од спомените за мојот татко и Учител)

„Повикај ги оние кои Те бараат, оние кои сакаат да го откриеш Твојот лик, одговори им од Своите небесни височини, не го покривај Своето уво за нивниот плач за сожалување“ (Молитва „Простување“ за првиот ден).

Значи... Целта на создавањето била да се насладат созданијата. Меѓутоа, за да биде поправањето апсолутно целосно, потребно е да се „заслади“ степенот на судот со милосрдие, затоа што судот спаѓа во големата, возрасна состојба (гадлут). Но за да не дојде човекот на тој начин до својства спротивни на Создателот, потребен е некаков компромис. Согласно судот тој би добил повеќе, но би застанал на опасен пат и би можел да дојде до својства, спротивни на духовното. Ако пак, му се додаде степенот на милосрдие, тој не би ја примил Светлината на големата состојба и тогаш може да достигне сличност на духовното. Поправањето се состои во тоа што кли за примање се претвора во „кли за примање заради давање“.

Затоа, кога човекот почнува да бара откривање на Создателот, тој сè уште мисли само на примање. Оној кој се стреми кон примање чувствува неисполнетост и затоа се нарекува проколнат, а „проколнатиот не може да се соедини со Благословениот“. Но, оној кој прима заради давање, се нарекува благословен бидејќи не доживува недостаток од ништо, затоа што нема потреба од никакво примање за себе. Излегува дека целиот проблем е да се стане благословен и само со помош на Тора и заповедите може да се претвори кли за примање во кли за давање. За ова се молиме: „Повикај ги оние кои Те бараат“.

Постојат два вида од оние кои Го бараат Создателот. Едните Го бараат Создателот само за откривањето на Неговиот лик и посакуваат само давање. Затоа, ако Го молат Создателот за спас, Го молат заради Самиот Него. За ова е речено: „Оние кои го бараат откривањето на Твојот лик“, бидејќи тие нема да нанесат штета нагоре затоа што се прочистиле од егоистичкото примање. Додека пак, „плачот за сожалување“ ги издава оние чии што молитви и барања сè уште се заради лична корист и токму заради тоа тие сакаат да се доближат до Создателот, односно тие сè уште не се прочистиле од егоизмот.

Затоа постојат два вида на работа за Создателот. Постои човек кој посакува откривање на Создателот на светот за да дознаат сите дека постои Виша Сила во него. Тогаш во таа работа нема негов личен интерес или дека тој нешто ќе прими, затоа што тој не бара да се доближи до Создателот, туку само да се открие Неговата слава во светот.

Исто така, има и човек кој се моли самиот да се доближи до Создателот. Тогаш се појавува неговиот личен интерес, бидејќи тој сака да прими Светлина која ќе го доближи до Создателот. Тоа се нарекува „сожалување“ и „плач“ и од ова „не го покривај Своето уво“. Оние кои бараат сожалување, односно бараат да бидат доближени, можат да викаат, па заради тоа „не го покривај Своето уво“.

Оној кој вика, чувствува недостаток. Но, потоа нема да има плач, туку само барање, како добра желба, „желба на светот“. Затоа при откривањето на Создателот може да има само барање.

„Од Своите небесни височини“, што означува „очи“, односно Светлината Хохма. Тогаш тие се исполнуваат со Светлината на изобилието, бидејќи нивните келим веќе се поправени за примање заради давање. Меѓутоа, за оние кои бараат сожалување, „не го покривај Своето уво“. „Уво“ е Бина. Тие треба да привлечат сила која ќе им даде својство за давање... на основа на Светлината Хасадим.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели