Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

242. Да се израдува сиромавиот на празничен ден

Слушнав на третиот полупразничен ден од Сукот

Во Зохар е речено: „Да се израдува сиромашниот значи да се подели со Создателот“. Баал ХаСулам објаснил: „Кога гледа Создателот дека работата во ло Лишма (заради себе) не води кон Лишма (заради Создателот), се издигнува нагоре за да го уништи светот, да го пресуши потокот на Светлината“ (Предговор на книгата Зохар).

За времето кога кај човекот доаѓа светење одозгора, може да се каже дека дури и ако тој сè уште не се прочистил од егоизмот, но го користи светењето за да се издигне од својата нискост и со негова помош да се доближи до својството за давање, тоа значи дека ло Лишма го води кон Лишма, односно дека тој оди по патот на Тора.

Ова се нарекува „Оној кој се радува на празници“. Празникот е добар ден. Се разбира, за човекот нема поголем празник од времето кога му свети некоја Светлина одозгора, која го доближува до Создателот.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели