Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

243. Зошто се проверува сенката во ноќта на Ошана Раба

Слушнав на 24-ти Адар (1-ви март 1943 г.), во Тел Авив

Има обичај секој човек да ја проверува својата сенка во ноќта на Ошана Раба (седмиот ден од празникот Сукот). Ако има сенка, тој е уверен дека сè ќе биде во ред со него (Шаар а-Каванот, Коментари за законите на Сукот).

Сенката означува облека во која се облекува Светлината. Без облека нема ни Светлина затоа што нема Светлина без кли. И според големината на облеката се открива и се шири Светлината, а ако човекот ја губи облеката, во тој степен од него се губи и Светлината која е во таа облека.

Во ова е суштината на вистината и вербата. Вистина се нарекува Светлината, а вербата – кли, што значи Создателот и Неговата Шхина. Затоа е речено: „Ќе создадеме човек според ликот Наш“ (Берешит) и „како сенката оди човекот“ (Псалм 39). Тоа значи дека движењето на човекот зависи од неговиот лик, односно вербата. Затоа во ноќта на Ошана Раба човекот треба да види дали е совршена неговата верба.

Ние велиме дека „ликот“ се наоѓа во Вишите Светови но, на врвот на вербата нема никаква тежина, а она што нам ни изгледа како копно, на врвот од океанот е Светлина. Меѓутоа, ние му даваме назив на она што се наоѓа на врвот бидејќи така тоа ни се открива во форма на сенка и според инкарнацијата, долу ние го нарекуваме извор одозгора.

Бина се нарекува верба, што значи Светлината Озен (уво), способност за слушање. Хохма се нарекува вид, кој се открива благодарение на Светлината која доаѓа во келим за примање и означува Ејнаим (очи).

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели