Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

45. Две состојби во Тора и во работата

Слушнав
Постојат две состојби во Тора и две состојби во работата: страв и љубов. Тора е состојба на совршенство, кога не говорат за работата на човекот, за состојбата во која тој конкретно се наоѓа, туку говорат за самата Тора. Љубов е состојба кога човекот има желба да ги спознае патиштата на Создателот, Неговите тајни. За да го достигне тоа човекот ги вложува сите напори. Од секое достигнување, кое го прави со изучувањето на Тора, тој се восхитува, радувајќи се, дека го добил главното. Во таков случај, зависно од неговото восхитување од важноста на Тора, тој постепено расте и самиот, сè додека соодветно на неговите напори, не почнат да му се откриваат тајните на Тора.

Стравот е состојба кога човекот посакува да работи поради Создателот, бидејќи „ако не ги знае законите на Создателот, како ќе може да работи за Него"? И затоа престојува во страв и немир, не знаејќи како да работи за Создателот. Но кога изучувајќи ги законите на Создателот го наоѓа вкусот во Тора и може да го употребува како восхитување поради тоа дека направил некое постигнување во Тора, тој продолжува да оди по тој пат, и постепено му се откриваат тајните на Тора.

Тука постои разлика помеѓу надворешната мудрост на човековиот разум и внатрешната мудрост на Тора: во човековата мудрост восхитувањето го намалува разумот, затоа што чувството е спротивно на разумот. Затоа восхитувањето го засенува разумот. Додека во мудроста на Тора восхитувањето, само од себе е исто како мудроста, затоа што Тора е живот, како што е напишано: „Мудроста му дава живот на оној кој владее со неа", бидејќи мудроста и животот се исто. Затоа, како што мудроста се открива во разумот, исто така мудроста се открива и во восхитувањето, во чувствувањето. Бидејќи светлината на животот ги исполнува сите делови на душата.

Затоа нам ни е потребно постојано да се восхитуваме од мудроста на Тора, бидејќи токму восхитувањето прави таква разлика на мудроста на Тора од надворешните науки.

Работата е состојба во левата линија, затоа што човекот е поврзан со желбата да прими насладување, чувствувајќи недостаток:

1) Личен недостаток, 2) Општ недостаток, 3) страдањата на Шхина.
Секое чувствување на недостаток создава обврска да го пополни и затоа е поврзано со примањето, со левата линија. Додека пак, Тора е состојба кога човекот не работи поради чувствувањето на недостаток, кој е потребно да се поправи, туку поради желбата да дава, да Му причини задоволство на Создателот (преку молитва, пофалба и благодарност). Кога во таа работа тој се чувствува совршено и не гледа во светот никаков недостаток – тоа се нарекува Тора. Но кога работи со чувство на некој недостаток, тоа се нарекува работа.

Работата на човекот може да произлегува од:

1) неговата љубов кон Создателот, желбата за спојување со Создателот, кога чувствува, дека токму тука може да ја открие скриената способност да сака и да Го засака Создателот

2) страв пред Создателот

Следна статија бр. 46 „Доминација на Израел над клипата“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели