Слушнав
Што се однесува до доминацијата на Израел над Клипот (Лушпа), и обратно, доминацијата на Клипот над Израел ? Најнапред мораме да разбереме што е "Израел", а што е "Народи на Светот".
На неколку места е објаснето дека, Израел значи "Внатрешност", наречен "Предходен Келим (садови)", со кои може да работи со цел да дава задоволство на Создателот. „Народи на Светот" се наречени „Надворешност", „Подоцнежен келим", чие прехранување доаѓа исклучиво од примање, а не од давање.
Доминацијата на народите на светот над Израел е во тоа дека тие не можат да работат во форма на давање во претходните садови, туку само во подоцнежните садови. Тие ги измамуваат работниците на Создателот, да ја шират Светлината долу во подоцнежните садови.
Доминација на Израел значи: доколку тие дадат моќ, секој и секаде да биде способен да работи со цел да дава задоволство на неговиот Создател, се мисли, само во претходните садови, дури и ако ја шират Хохма (Мудрост), е само во форма на „пат низ кој патуваат", и ништо повеќе.
Следна статија бр.47 „Таму каде го наоѓаш неговото Величие“