Слушнав на 8 Елул (24-ти август 1947 г.)
„Душата го учи човекот“.
Познато е дека Тора се учи само за потребите на душата, односно ја учат оние кои ја достигнале својата душа. Сепак, и тие треба да се стремат и да го бараат она што им се открива во Тора на останатите души, за да ги учат од нив новите патишта кои ги предлагаат древните кабалисти од своите откритија во Тора. Од тоа и оние кабалисти кои учат од нив ќе успеат лесно да се издигнуваат по Вишите нивоа на достигнувањата, преминувајќи од едно ниво на друго со нивна помош.
Но, постои Тора која е забрането да се отвора, затоа што секоја душа мора самата да направи избор, анализа и поправање, а не некој друг во нејзино име и заради неа. Еве зошто на душите им е забрането да ја отвораат таа Тора додека не ја завршат својата работа. Затоа големите кабалисти сокриваат многу од своите достигнувања. Но, освен ова, во сè останато постои голема корист за душите во учењето и добивањето на откривањата од другите кабалисти.
Душата го учи човекот како и што да прима и да користи како помош од откривањето на Тора на другите кабалисти, а што треба да открие самиот.
Следна лекција бр.78 „Тора, Создателот и Израел....“