Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

81. Издигнување на МАН

Слушнав

Како последица од поделбата на желбите (швират келим), паднале искри (парчиња од екранот и одразената Светлина) во световите БЈА. Меѓутоа, искрите кои паднале таму не можат да се поправат. Поправањето е можно само под услов ако се издигнат во светот Ацилут.

Кога човекот прави добри дела со намера за Создателот (давање со помош на екранот), но не за себе, тогаш тие искри се издигнуваат во светот Ацилут. Таму се вклучуваат во екранот на Вишиот кој се наоѓа на врвот од нивото и е во постојано соединување (зивуг) со Светлината. Откако искрите ќе се вклучат во екранот, тој извршува зивуг (соединување со Вишата Светлина) на овие искри и Светлината која ќе се создаде од зивугот, ќе се распространи надолу во сите светови во степен предизвикан од искрите кои се издигнале.

Тоа е слично на процесот на осветлување на екранот (ослабување на екранот, издахехут масах) во светот Акудим, кога Светлината исчезнува од гуф, како последица од издигнувањето на екранот заедно со решимо од табур во пе де-рош. Причината за тоа е што кога битието прекинува да прима Светлина како последица од ослабувањето на екранот и се ослободува од авијут (силата на желбата), тогаш масах де-гуф се издига назад во пе де-рош затоа што претходно се симнал во гуф (телото) само за да се распространи Светлината од горе надолу, односно во келим (желбите) за примање. Додека, пак, рош (главата) на парцуфот секогаш се смета дека работи „од долу – нагоре“ затоа што се спротивставува на примањето, на распространувањето на Светлината.

Затоа откако гуф (телото) ќе престане да прима Светлина од горе надолу, како последица од отсуството на екран, ослабен од судирот на внатрешната и опкружувачката Светлина, тоа значи дека масах де-гуф (екранот на телото) се ослободил од авијут (искористувањето на желбата, дебелината) и се издига со своите решимо (записите од претходната состојба). Така е и кога човекот работи со Тора и заповедите за Создателот, а не за себе, па искрите се издигаат од долу нагоре, од ниво на ниво, во масах де-рош (екранот на главата) на светот Ацилут. Кога се вклучуваат во овој масах, се создава парцуф според големината на екранот и се додава Светлина во сите светови. Исто така, и човекот кој предизвикал возвишување и Светлина во сите светови, добива светење.

Следна статија бр. 82 „Молитвата која секогаш е потребна“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели