Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

83. Десен „Вав“ и Лев „Вав“

Слушнав на 19 Адар (24 февруари 1943 г.)

Постојат својства: „Тоа“ и „Таа“. Моше (Мојсеј) се нарекува „Тоа“ затоа што тој е „Пријател на Царот“. Останатите пророци спаѓаат во „Таа“ или во својството „куф-хеј“ („кох“), за што зборува „јад-кох“ (раката твоја), левата буква „вав“.

Но постои и десна буква „вав“ – „збир на буквата зајин“, „оние кои ги обединуваат двете букви вав“ како „еден кој ги вклучува во себе“, во што се крие тајната на „јуд-гимел“ (бројот 13), кој зборува за целосно духовно ниво.

Постои десен и лев „вав“[1]. Десниот вав се нарекува Дрво на животот, а левиот Дрво на спознанието, каде што се наоѓа заштитеното место. Овие две букви се нарекуваат јуд-бет (дванаесет) саботни лебови: шест и шест во низа, што значи тринаесет поправања кои се составени од дванаесет и уште едно, кое ги вклучува во себе сите и кое се нарекува успех и „прочистување“. Тоа исто така го вклучува и тринаесеттото поправање, наречено „и нема да биде прочистено“[2], односно збирот на буквата заин, каде што „заин“ ја означува Малхут, која ги содржи внатре во себе. Додека таа не се удостои со такво поправање, кога „повеќе нема да се наврати на својата глупост“, се нарекува „и нема да биде прочистена“, а оној кој се удостоил за да „не се врати повеќе на глупоста своја“, се нарекува „прочистен“.

Во тоа е и смислата на зборовите од песната: „Го пробуваме вкусот на 12-те саботни лебови – тоа е буква во името Твое, двојна и слаба“. Исто така и: „Со буквите вав ќе бидеш поврзана, а буквите заин ќе се соберат во тебе“. „Со буквите вав ќе бидеш поврзана“ значи дека се случува соединување на својствата на двете букви вав, што го симболизираат дванаесетте саботни лебови кои ја претставуваат „буквата во името Негово“.

Буквата е основа и за неа е речено дека е двојна и слаба, бидејќи буквата вав е удвоена и левата буква вав се нарекува „Дрво на спознанието“, каде што се наоѓа заштитеното место. Затоа тие станале послаби (што се нарекува „полесни“), така што се создава место каде што може лесно да се работи. Доколку не било удвојувањето од соединувањето со Дрвото на познанието, би требало да се работи со десниот „вав“, кој што го означува Дрвото на Животот, но тогаш кој би можел да се издигне за да ја прими Светлината Мохин?

Левиот вав пак, дава заштита, под која цело време се наоѓа самиот човек. Благодарение на таа заштита, која тој ја прима со верба над разумот, тој почнува да ја засакува неговата работа. Затоа тоа се нарекува „ослабување“, бидејќи е лесно, односно со леснотија може да најде место за работа.

На тој начин, во какви состојби и да се наоѓа човекот, секогаш ќе може да биде работник за Создателот, бидејќи тој нема потреба од ништо, а работи сè над знаењата. Излегува дека нему не му е потребен никаков разум (мохин) за да работи со него за Создателот.

Со ова се објаснува искажаното: „Ти ја поставуваш пред Мене масата за да ја видат непријателите Мои“ (Псалм 23). Овде „маса“ (шулхан) доаѓа од зборот „ја испраќа“ (шилха), како што е запишано „И ќе ја испрати неа од домот свој, таа ќе излезе од неговиот дом и ќе тргне“ (Дварим, Ки-теце 24), односно излез од духовната работа.

Тоа значи дека дури и за време на излегувањето од духовната работа, односно во состојба на паѓање, сепак човекот има можност да работи. Тој ги надминува своите падови со верба над знаењата и вели дека и падовите му се дадени одозгора, и благодарение на тоа исчезнуваат непријателите, затоа што тие непријатели мислеле дека заради паѓањето човекот ќе дојде до чувство на својата целосна ништожност и ќе избега од бојното поле. Но, на крај се случило спротивното, па непријателите сами избегале.

Во тоа е смислата на зборовите: „Масата пред Создателот“. Токму благодарение на тоа, човекот добива откривање на ликот на Создателот. Суштината пак, е во тоа што човекот се покорува на сите судења и ограничувања, дури и на најголемите, прифаќајќи ја врз себе власта на Создателот засекогаш. Така тој секогаш си наоѓа место за работа, како што е напишано од рабинот Шимон Бар Јохај: „Немам каде да се сокријам од тебе“.



[1] Пишувањето на буквата „вав“ во вид на збор во себе вклучува две букви „вав“, од лево и од десно

[2] ...гревот чисти и не прочистува... (Шмот 34:7)

Следна статија бр.84 „И го прогони Адам....“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели