Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

97. „Отпадоци од гумното и винаријата“ - 2

„Гумно“ (горен) во духовното означува намалување на добрите дела, кога човекот чувствува недостаток во работата со Создателот. Затоа тој ги намалува своите добри постапки, а потоа доаѓа до состојбата „винарија“ (јекев), што значи „го проколнува името на Создателот“.

Сукот значи радост, гвурот, веселба, возвраќање со љубов, кога намерните гревови од минатото се претвораат во заслуги. Тогаш дури и „гумното“ и „винаријата“ се вклучуваат во светоста. Затоа основното својство на Сукот е Исак (левата линија) и сите се соединуваат во него (а основното својство на Песах е љубов, десната линија). Токму затоа е запишано дека Авраам го создал Исак.

Таткото и синот се причина и последица. Доколку претходно отсуствувало својството на десната линија, кое се нарекува „Авраам“, би било невозможно да се дојде до својството „Исак“, кое припаѓа на левата линија, меѓутоа левата линија се вклучува во десната. Затоа се вели: „И ти си таткото наш“, бидејќи Авраам рекол: „Ќе ја потресат светоста на името Твое“ (на обвинувањето: „Твоите деца грешеа“). Истото го рекол и Јаков. Тоа значи дека престапите ќе ја потресат светоста на името и ако останат непоправени, ќе создадат процеп на средината.

Значи, престапите меѓу народот на Израел е како процеп во светоста.

Меѓутоа, Исак на обвинувањето одговорил: „Половина на мене, половина на Тебе“, односно дел од престапите и дел од добрите дела – и едните и другите ќе влезат во светоста. Тоа е можно само благодарение на возвраќањето со љубов, кога неговите минати престапи се претвораат во заслуги. И тогаш не останува никаков процеп, како што е речено: „И нема да има процеп и нема да има лелек“ (Псалм 144), туку сè ќе биде поправено и внесено во светоста.

Во таа смисла е она што рекле мудреците: „Отпадоците и маските (што исто така означува и разделби) на Исак се повеличествени од среброто и златото на Авимелех“. Отпадоци се нарекува ништожната работа, која нема никаква вредност, односно човекот го перципира своето ропство на Создателот како лоша работа, а потоа се оттргнува од него, што се нарекува „отпадоци и разделби на Исак“. А бидејќи Исак сè поправил возвраќајќи со љубов, претворајќи ги сите свои минати престапи во заслуги, од отпадоците и разделбите добил повеќе отколку целото сребро и злато на Авимелех.

Среброто (кесеф) означува привлечност (кисуфин) кон Создателот, а златото (захав) доаѓа од зборот „дај го тоа“ (зе-хав), што значи стремежот кон Тора, односно достигнување на Тора. Исак поправил сè, достигнувајќи возвраќање со љубов и престапите почнале да му се сметаат како заслуги, па со самото тоа, тој станал многу богат, побогат од Авимелех, затоа што исполнувајќи ги заповедите, не може да се исполнат повеќе од 613, бидејќи гревовите и престапите немаат граница. Затоа се збогатил Исак, како што е речено: „И доби сто пати повеќе (буквално: најде сто порти)“, односно сто проценти припаѓал на светоста, без никакви отпадоци, затоа што ги поправил и отпадоците.

Затоа покривот за Сука се прави од отпадоците од гумното и од винаријата (или како што рекле мудреците: од отпадоците, од кои се збогатил Мојсеј). Еве зошто основата на празникот Сукот е поврзана со името на Исак, бидејќи тој означува „гвурот, веселба“, а освен тоа, Сукот е поврзан и со името на Мојсеј.  

Следна статија бр.98 „Духовното се нарекува вечно“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели