Михаел Лајтман
(скратено)
Еве ги генералиите за Ное: Ное е праведен, без пороци во своето поколение, пред Бога одеше Ное. И ги родил Ное Сима, Хам и Јафет. И земјата се наполни со зло, го изопачи секое човечко тело на патот свој на земјата.
И Бог му рече на Ное: "Крајот на секој човек започна, ќе ве истребам сите. Направи си ковчег, а Јас ќе направам потоп за да го истребам секој човек. А ти ќе влезеш во ковчегот, со твоите синови, твојата жена, синовите на жена ти, од сè што е живо земи по две, од машки и од женски пол. Земи запиши како тие се грижат.
И му рече Бог на Ное: "Влези со семејството во ковчегот, зашто Јас тебе те видов праведен во тоа поколение. Од чистата стока земи 7 пара, а од нечистата по 2. Од птиците по 7. Јас ќе наредам дожд на земјата 40 дена и ноќи и ќе сотрам се на земјата што сум го создал". И Ное направил сè како што му било наредено од Бога и водата ја потопи земјата. И имало дожд на земјата 40 дена и 40 ноќи. Во тој ден влегле Ное, Сима, Хам, Јафет и нивните жени во ковчегот и сите ѕверови и птици. И потоа Бог ги затворил. И имало потоп на земјата 40 дена и водата го понесла ковчегот од земјата. Се покачила водата, се покриле планините и загинале сите животни и луѓе.
И се потсетил Бог за Ное и нареди ветар и водата ги однела. И ковчегот застанал на планината Арарат. По завршувањето на 40-те дена, Ное го отворил прозорецот на ковчегот и ја пуштил враната, таа одлетала и летала додека водата не се спуштила на земја. И го пуштил гулабот со гранка од маслинка со откинат клун: и Ное дознал деќа водата на земјата се намалила.
И Бог му рече на Ное: "Излези од ковчегот, поведи ги сите со себе за да се множат на земјата. Повеќе да не ја проколнуваат земјата на човекот, иако помислата на човековото срце е зла уште од неговата младост и нема повеќе да ги поразувам сите кои живеат, а Јас сум ги направил. Од сега сите денови на земјата, сеењето и жетвата, ладното и топлото, летото и зимата, денот и ноќта нема да прекинат".
И Бог рече: "Моето виножито Јас ќе го измешам во облаците, тоа ќе биде знак на сојузот меѓу мене и земјата. И кога ќе се појави виножотото во облаците, Јас се потсетувам на Мојот сојуз".
И синови на Ное биле: Сима, Хам и Јафет и од нив се населила целата земја, а Хам е татко на Ханан. И Ное станал земјоделец, насадил лозје, го испил виното, се опил и се соблекол пред својот шатор. И Хам ја видел голотијата на татко му и соопштил на двајцата браќа. Тогаш Сима и Јафет ја земале облеката, дошле одзади и ја покриле голотијата на татко им. Кога Ное се наспал и дознал што му направил најмалиот син, тој рекол: "Благословен да е Бог Сима, дај му простор на Јафет да живее во шаторите Сима, а Ханан да им биде роб".
Еве ги генералиите на синовите на Ное – Сима, Хам и Јафет.
Синови на Јафет: Хомер, Магог, Мадај, Јаван, Товел, Месех, Тирас. Синови на Хомер: Асхенас, Рифат, Тогарма. Синови на Јаван: Елис, Тарсис, Китим, Додан.
Синови на Хам: Хус, Месраин, Фуд, Ханан. Синови на Хус: Сава, Авила, Савата, Регма, Саватака. Синови на Регма: Сава и Дедан. Хус го родил и Неврод – првиот јунак на земјата. Негови почетни царства биле Вавилон, Орех, Архад, Халан во земјата Сенар. Од таа земја излегол Асур и ги изградил Нинива, Ровот, Халах, Дасем. Месраин родил Лудеи, Енемеи, Лавеи, Нефралеи, Патросеи и Хасмеи од кои произлегле Филистеи и Гафтореи.
А Ханан ги родил Сидон, Хета, Евосеи, Амореи, Гергесеи, Евеи, Арукеи, Асенеи, Авдареи, Самареи и Аматеи.
И по целата земја беше еден збор, се движеле тие од исток, ја нашле долината во земјата Сенар и се доделиле таму. И си рекле еден на друг: "Ајде да си изградиме град и градина, со главата до небото и да се направиме познати, за да не нè раселат по лицето на целата земја". И се симнал Бог да ги разгледа градот и градината. И Бог рече: "Сега целиот народ е еден и зборот е еден, за нив ништо нема да биде невозможно. Ги мешам нивните зборови, за да едниот не може да го разбере другиот". И Бог ги рассели оттука наекаде по земјата и престанале да го градат градот. Затоа е наречен Вавилон, бидејќи таму Бог го помешал јазикот на целата земја и оттука ги рааселил низ целата земја.
Деца на Сима – Евер, Јеафет, Елам, Асур, Арфаксад, Луд, Арам.
Генералиите на Сима:Сима ги родил Арфаксад, Арфаксад Сал, Сал Евер, Евер Фалек (во неговите денови се разделило населението на земјата), Фалек Рагава, Рагава Серух, Серух Нахор, Нахор Тара, Тара живеел 70 години и ги родил Авраам, Нахор и Аран.
Генералии на Тара: Тара ги родил Авраам, Нахор и Аран, Аран Лота. И умре Аран крај Тара, таткото свој, во Ур Халдејски. Авраам и Нахор ги зеле жените: името на жената на Авраам е Сараа, а на Нахор – Мелха, ќерка на Аран. Сара не била плодна. И ги зел Тара Авраам и Сара и својот внук Лота, син на Аран и излегле од Ур Халдејски во земјата на Ханан, пристигнале до Харан и се населиле таму. И Тара умрел во Харан.