Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Пупките на цветовите

Зохар-Точ.4-6

4. Рав Шимон открил (светлина): во "Песна на песните" е речено: "Пупките на цветовите се покажаа на земјата ". "Пупките " – тоа е дејствие на почетокот на создавањето. "Се покажаа на земјата " – во третиот ден на создавањето, кака било речено во Тората: "На земјата да никне зелена трева" (средна линија, која предизвикува растење, доколку стои меѓу збирот на левата и десната линија – желбата и светлината).

Понатаму во "Песна на песните" е кажано: "Времето за пеење настана" – тоа е четвртиот ден од создавањето, времето на законот (органичување, за да се даде можност на растењето неопходно е да се ограничи растот на желбите во мера на нивно исправување).

Понатаму во "Песна на песните" е кажано: "Гласот на гугутката се слуша" – тоа е петтиот ден од создавањето, за кој во Тората е кажано: "Да паѓаат води" – да се создаде потомство (духовно исправување на нарушените желби).

А зборот "се слуша" – ни зборува за 6 ден на создавањето, за кој во Тората е кажано: "Да го направиме човекот", кој во иднина предварително ќе дејствува со цел за давање и љубов, по принципот "ќе направиме и ќе слушаме", т.е. ќе биде подготвен да ги исполни дејствијата (учење од кабалистичките извори, обединување), кое доведува до состојба на давање (слухот – особина на бина давањето, а гледањето - особина на Хохма, примањето).

Потоа во "Песна на песните" е кажано: "Во земјата наша" – тоа е Сабота, која како страна на животот е следниот свет (земјата ја означува желбата наша – исправување со намера за давање – и во тој случај се добива исправена состојба, наречена Сабота).

5. Пупките – тоа се прататковци, кои ги положиле желбите воведени во своето исправување, во вишиот разум и во слендиот свет, во Бина и се скриени таму. Тие се јавуваат во скриен вид во вистинските пророци. Се родил Јосеф – се скрил во него. Влегол Јосеф во светата земја (исправените желби на душата), тие се покажале и се откриле (на него како виш свет). Кога тие се откриваат? – Кога се гледа виножитото. Тоа е време на уништување на сите грешници на земјата (крајното поправување на сите себични желби). Затоа пупките можат да се покажат од земјата. А ако се покажеа порано (ако вишиот свет се отворил до исправувањето на желбите), не би можеле да останеме во светот и светот не би можел да постои (ќе се разрушел доколку светот дошол во контакт со себичноста, слично на кратки електрични спојувања).
6. Кој го оживува светот и го предизвикува откривањето на прататковците (првосоздадените желби)? – Тоа е гласот на детето (откривајќи ги поради поправување на поранешните скриени желби), кое ја изучува Тората (методата на исправување). Благодарение на тие деца (ново пројавените желби, решени) постои светот (откривање на Создателот луѓе – души). Затоа во "Песна на песните" е речено: "Подвезици златни ќе ти направам" (светлината Хохма, златото ќе ги исполни новите поправени желби). Тоа дете, пупката на светот, како што е кажано во Тората (методата на испавувањето): "Направи два крува златни" ("крув" од зборот "каров", "лакрив" – доближување на човекот до Создателот, искористувајќи ги двата крува, двете линии, десната и левата, а Создателот зборува – се открива во особината на давањето, помеѓу нив во средната линија.

Глава "Садниците на цветовите" Резиме

Во првите два дена од создавањето биле создани небото, земјата и водата. "Земјата" и "водата" – тоа се две спротивставени сили: примање и давање, соединети, кое го дава почетокот на растително ниво, како што е кажано: "Пупките на цветовите се покажаа на земјата".

"Земјата" – тоа е желбата (ארץ од רצון – добивање).

"Пупките" – тоа е почетокот на дејствувањето на создаденото, кога како последица на растењето на себичноста од растителното ниво никнува животинското.

"Гласот на гугутката се слуша" – развиток на следното, највисокото ниво доколку зборот "се слуша" се однесува на нивото "човек".

Така на спротивставеноста на двете сили, двете линии се развива созданието.

Седмиот ден на создавањето – Сабота или Шабат (од хебрејски – престанување) е олицотворение на венецот на духовната работа. После долгите и тешки сили го завршуваме своето исправување, стануваме слични со особините на Создателот и доаѓаме до состојба наречена "Шабат " или "страна на животот".

"Прататкото" и "пророците" – тоа се духовни нивоа. "Јосеф" (од хебрејски - собира) – ниво Јесод, на кое ги собираме сите особини, формирани на степените "прататко" и "пророци" и доаѓаме до состојба "египетско прогонување", т.е. прогонување од духовниот свет.

Во сегашноста светот ја минува таа етапа – задлабочување во длабоката себичност, рассеаност, безизлезност, неразбирање за излез од создадената положба.

"Влегол Јосеф во светата земја" – тоа значи дека после долги години на прогонство и блудничење во пустината и ние на крај влегуваме во земјата Израел (хебрејски – директно кон Создателот). "Светата земја" – тие себични желби, поправени со примање на давањето.

"Времето на пеење – е време на уништување на сите грешници."Сите желби, кои се спротивни на Создателот, се поправуваат на давањето и грешниците преминуваат во праведници.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели