Кабалистичка метафора
На основа на статијата на Баал Сулам "Achor ve Kedem Tsartani"
"И одзади и од напред ти ќе ме обземеш мене " – тоа е метафора, која зборува за тоа дека Вишата сила се крие (одзади) и се открива (од напред) од човекот.
• Ако Вишата сила управува со сè – тоа е со цел човекот да го доведе побрзо до означената цел.
• Ако Вишата сила "царува и владее со сè" – сето тоа ќе се врати кон својот извор.
• Ако "нема слободно место од Создателот" – тогаш нема ништо што е надвор од Неговата власт.
• Разликата во постоењето на човековата Виша сила - "одзади" или "од напред" е во тоа како се пројавува власта на Создателот: во сегашноста или во иднината.
• Доколку човек, кој се удостојува да го соедини тоа и духовнот мир ја открива Вишата управувчка сила понатаму во сè што се случува.
• Човекот покажува дека сè е минливо – тоа е надворешното "облеката", скривајќи го вечното управување.
• Вишото управување и понатаму ќе владее со целиот свет и со секое решение, дејствие, со секоја мисла.
• Напротив, се кажува кога коњот ќе го води неговиот јавач, создаденото само ќе управува со дејствието.
Но во тој момент коњот не покажува ниендо движење, не одговара дури ни на уздите на неговит јавач и човекот, откривајќи ја власта на Вишата сила во тој вид, го нарекува состојба на скриениот лик на Создателот.
До тоа време кога човекот еднаш не се удостои да ги испрати сите свои мисли, решенија, постапки до Создателот, коњот нема да ги потчини своите движења на уздите на неговиот јавач.
Таквата врска на човекот со Создателот се нарекува обратна (задна) страна. Но не мисли дека во таква состојба ти си одделен од Вишото управување, туку "крепката рака, која е подадена и со бес ќе владеам со вас". За да не биде оттргнат, целиот свет ќе се движи кон својот корен.
Иако тоа се гледа, дека коњот со бес го води јавачот кон исполнување на неговата желба, вистината е во тоа дека тој јавач го води коњот по своја желба. Меѓутоа, тоа не се открива во моментот, туку ќе се открие во иднината.
На тој начин и на таа студија тоа е врската, но обратната – грб со грб, т.е. не по желбата на потчинетиот, и не по желбата на водачот.
Човекот исполнувајќи ја желбата на Вишата сила, тој кој самиот ја отркива таа власт во сегашноста, е поврзна со неа, лице со лице, односно по добрата волја на тој што управува и тој што е управуван. Утврдувањето на таквата врска е желба и на Вишиот.
Човек откривајќи го вистинското управување, се разликува во тоа што преовладува во радост, а не во лошо, во изобилие а не во потреба, дејствува по желба а не по принуда. Сите тие стремежи на човекот се влеваат во Вишото управување и сите се трудатда се движат кон својот корен.
А така возникнува прашањето: кој е патот до посакуваното? Патот, определен со заедничката желба на создаденото и Создателот. Како што е кажано: "И видов дека светот е добар".