Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Рамхал,Даат Твунот

Кратка содржина

1. Обврска на човекот е да разбере како Создателот управува со светот. Во основите на Универзумот Создателот утврдил прецизни закони на управување.

2. За да Созданието ужива во целосна мерка, Создателот посакал, човекот сам да ги дополни и исправи недостатоците на својата природа. За да се разбере праведливоста на таквото решение е потребно најпрво да се појасни суштината на човекот, неговата улога во универзумот и целта на самиот универзум. Врз човекот лежи обврската да се дополни себе си, во ова се состои неговата возвишеност над другите Созданија, а исто така и наградата.

Создателот го создал Созданието, затоа што како што во природата доброто создава добро, создал суштества, за да можат тие да го добијат доброто како награда за својот труд, без чувство за срам, како милостина.

Ако човек е должен да ја поправи својата природа, тогаш е праведливо да се постави прашањето, во што се состои недостатокот, порокот на неговата природа, и на кој начин тој може да се поправи, и со што може да се дополни.

И воопшто, постигнувајќи совршенство, може да се разбере дека нашиот недостаток се заклучува во неговото отсуство на совршенството. Совршенството се состои во спојување со Создателот и како резултат на тоа, добивање на задоволство на Неговото Величие, и затоа првичното оддалечување од Создателот е и порок и недостаток.

Создателот не го создал Созданието совршено, како Тој Самиот, туку ограничено.

Изводот е: во согласност со желбата на Создателот да ужива во созданието, Тој ја ограничил својата волја, сила, власт и создал несовршени суштества, за да можат да се доусовршат себе си, а постигнатото совршенство е нивната награда и задоволство.

Сега, пак, треба да се разјасни, како тоа со нашите сили е возможен патот до совршенството, дополнувањето на недостатокот на самите нас. Создателот открил само дел од своето совршенство и во постигнувањето на тоа, е сето наше задоволство.

3. Откривањето на единството на Создателот е основа на Созданието. Од сите активности на Создателот целосно се покажува само Неговото Единство, додека другите заслуги ние целосно не сме во состојба да ги разбереме. Ние сме должни целосно да му докажеме Единството на Создателот и Неговите дејства, и таа цел, се става пред нас од Тора и пророците.

Единството е достигнување на тоа, што само Создателот единствено постои, и дека само Тој создава, управува, владее и ништо Него не го ограничува.

Постојат пет мислења што го попречуваат достигнувањето на Единството:
а) Создателот е над нашето достигнување и ние сме должни да им се потчинуваме само на Неговите барања;

б) има два вида управувања на добро и лошо;

в) законите на природата владеат и на човекот му е возможно да ги користи по свој избор, како што му годи, и има потврдувања, дека сé зависи од случајот, од среќата;

г) поради пропаѓањето на Евреите, Создателот одлучи да ги замени со друг народ;

д) можна е акција против Создателот со помош на магии.

Само по целосното остварување на Единството се покажуваат горенаведените грешки.

Не е возможно да се користат законите, утврдени од Создателот против Него, бидејќи зависат од Неговата волја. Целта на Созданието е да го открие Единството на сите активности и сите созданија и затоа се создадени суштествата и законите на природата.

Несовршенството на човекот, неговото поправување и наградата - нивните корени се во основата на создавањето на Единството. Определбата на Единството е врз основа на одрекувањето на спротивното на Него; другите пак карактеристики не се повеќе од одрекувања, но од нивните засилувања. Покажувањето на Единството ја образложува причината за создавањето на Злото, бидејќи преку неговото одрекување се покажува Единството.

Создателот создал сé и управува сé во согласност со нашите човечки претстави, за да ни дозволи на нас да ги сфатиме, макар и делумно Неговите патишта и дејства. Дефиницијата Единство ги вклучува сите заслуги дека Тој е Единствениот совршен и мора да постои. Бидејќи Целта на Созданието е покажување на Единството, создадено е несовршенството и можноста за неговото управување преку напорите на човекот. Конечното покажување на Единството е отстранување на сите недостатоци.

Сокривањето на Создателот раѓа недостатоци и пороци; преку исполнување на заповедите, човек го открива ликот на Создателот и благодарение на светлината се отстрануваат, се поништуваат пороците. На грешниците им се открива Создателот, откако ќе ја добијат казната, со која се покриваат гревовите или пак самите грешници се исправуваат.

Во иднина, благодарение на целосното откривање на ликот на Создателот ќе се уништат сите недостатоци и затоа ќе исчезне работата врз себе си и слободата на волјата. Според мерката на засилување на лошото се зголемува силата на покажувањето на Единството на Создателот во иднина. Ако пак луѓето преку своите постапки заслужат, тогаш би се покажало Единството без потреба од растење на Злото. Ако беше Адам отпорен против искушенијата на змијата, би го покажал Единството и би го уништил злото.

Гревот на Адам го направил потребното зголемување на Злото и на тешкотиите на овој свет, за да го покаже Единството во дејство, преку покажувањето на Злото и неговото уништување. Според мерката на духовното пропаѓање на генерациите и нивниот голем стремеж кон Злото, на Создателот му било потребно уште повеќе за да го зголеми влијанието на Злото, за да може на крајот на патот повеќе да се докаже Единството.

Извод: Единството во сите случаи ќе се открие, а слободата на волјата ќе се уништи. И тоа зборува за тоа, дека целта на уништувањето на Злото е во покажување на Единството, а слободата на волјата е страничната цел на Создавањето. Има време на сокривање на Единството и во него е работата на човекот. И времето на откривање на Единството е за добивање на награда.

Самиот Создател е над нашето постигнување, Неговите особини ни се покажуваат само на нас, патот на Неговите дејства е во согласност со нашите особини. За да можеме ние да го достигнеме Него и Тој нам ни ги покажува своите особини. Неговата желба владее над сé, а големината се открива делумно, преку Неговите дејства. На нас ни се откриваат само резултатите од Неговите дејства, а не патиштата на нивното извршување.

4. Период на сокривање на Единството. Во периодот на сокривање на доброто и злото, тие се еднакви и е можна работа, а со засилувањето на Злото се раѓаат недостатоците. Но, и за време на сокривањето Создателот го оживотворува целиот универзум, но со помала сила отколку во периодот на Своето откривање.

Внатре во управувањето преку Добро и Зло дејствува сокриеното управување на Единството и се користат сите средства за конечното откривање на Единството. Јавното управување е во согласност со нашите дејствија, но внатре во него дејствува Доброто, приспособувајќи сé кон совршенството надвор од врската со нашите дејствија. Во иднина ќе разбереме од самите дејствија, дека сите тие биле потребни за Доброто и постојат благодарение на Неговата мудрост. И тоа го раководи управувањето на патот кон Доброто и Злото, како средство за постигнување на совршенството.

Сите патишта на управување постојано и апсолутно зависат од волјата на Создателот, како Неговата постојана желба го оживотворува целото Создание. Создателот е примарен, местото за Созданието, што е секундарно, е создадено од Него, од ништо и небитие само според Неговата желба. Создателот открил дека сака признание од созданијата, значи дека за тоа ги создал нив, претходно, пак, од тоа не почувствувал недостаток од признанието.

Човекот се јавува како цел на универзумот и затоа познавањето на суштината на човекот е клучот кон познавањето на универзумот.

5. Воскресението на мртвите -пречистување на телото преку душата. Со воскресението на мртвите повторно се обединети душата и телото, за да можат заедно да добијат награда, бидејќи заедно работеле на овој свет. Сите недостатоци се во телото, а душата е чисто, свето создание и нејзината улога е во пречистувањето на телото и во тоа е нејзината награда. Големината на Создателот е во совршенството на созданијата и затоа, кога душата го воздига телото, нараснува и големината на Создателот. И затоа душата се удостојува со награда.

По однос на гревот на Адам душата може да го исчисти и воздигне телото дури после враќањето на последното во прашината, пречистувањето од гадното и воскресувањето. При враќањето на душата во телото слабее нејзината светлина, за да му даде место на Злото. Во идниот свет телото ќе се воздига во согласност со своите дејствија и, пропорционално на тоа, ќе се исчистува. Душата, пак, се воздига со тоа, што во иднината го исчистува телото. Но, веќе и во нашиот свет има некои пречистувања преку извршувањето на заповедите на Тора.

6. Скривање и откривање на ликот на создателот – извор на постоењето на душата и телото. Духовното потекнува од Светлината, што излегува од Создателот и затоа тоа е совршено. Материјалното пак потекнува од сокривањето на светлината и затоа е ниско и полно со недостатоци.

Основата на телото е сокривањето на светлината, а основата на душата е светлината на Создателот. Доколку душата го исправува телото е мерка за исправноста на човекот. Генерациите од оние кои ја добиле Тора и до уништувањето на Храмот живееле во името на душата и затоа се воздигнале. Последните генерации живеат за телото и со тоа го зголемуваат сокривањето и духовното пропаѓање.

Од гревот на Адам се појавило сокривањето и се намалило знаењето. Создателот ја открил својата Светлина, врачувајќи ја Тората, но потоа при поклонението на Бикот повторно се зголемило сокривањето на Создателот. Кога човек ја воздига душата над неговото тело свети светлината на Создателот, пропорционално на напорите на човекот според воздигањето на душата. Соодветно на воздигањето на телата или душите Создателот го управува светот скриено или јавно. Затоа сé зависи од човекот.

Душата и телото: нивните особини зависат од сокривањето или присуството на светлината на Создателот. Основата на телото е темнината, основа на душата е светлината и таа го чисти и осветува телото. Душата не се дели на делови, бидејќи совршеното е неделиво, а деловите на телото се пример за управувањето со поделба во состојба на сокривање. Кај душата има едно дејствие- да ги отстранува недостатоците на телото и со тоа да го дотера светот во совршенство. Ако телото ги диктира дејностите на човекот, тогаш Создателот го управува светот скриено. Различни се патиштата на управување на Создателот само по однос на созданијата. Како што душата од внатре управува со телото, во согласност со неговите особини, така совршенство на Создателот се крие од Неговите надворешни особини.

7. Различните соодноси помеѓу душата и телото. Ние ќе се обидеме да ги обединиме сите закони и патиштата кои водат кон совршенството на човекот и Созданието.

Три знаења:

а) знаење на особините на сокривањето и појавувањето на Создателот;

б) знаење за нивните кумулации;

в) знаење за последицата од таа кумулација.

Состојбата на совршенство во човекот е во апсолутното преовладување на душата над телото, и во тој случај не се затемнува светлината на душата. Состојбата е помалку совршена кога во телото има малку власт. Ниската состојба е власта на телото над душата.

Пет нивоа на соодноси помеѓу душата и телото:

а) нема никаква власт во телото и затоа душата се наоѓа во совршенство;

б) некаква власт во телото, што предизвикува намалување на власта на душата и покажувањето на нејзиното совршенство;

в) власт на телото со мала сила;

г) сите особини на телото се истакнати, но не се појавуваат;

д) телото владее над душата и делува во полна сила на патот на злото или на патот на доброто.

Во главно тоа се трите нивоа:

а) власт на телото;

б) власт на телото и на душата во еден или друг сооднос;

в) власт на душата.

На овие три соодноси им одговараат три периоди:

а) 6000 години;

б) седмиот милениум;

в) обновувањето на светот.

Во детали можеме да го постигнеме само периодот од 6000 години, а останатото само во општи црти.

8. Уништувањето на злото и неговите граници. Работата на човекот е во отстранување на сите недостатоци од себе си, и преку тоа и од светот. Злото е посебно создадено, бидејќи е апсолутно спротивно на Создателот и неговата цел е во исчезнување. Доброто пак не требало да се создава, бидејќи потекнува од самиот Создател.

Сé доаѓа и постои благодарение на светлината, која постојано излегува од Создателот. Создателот ги создал и ги обновува патиштата за управување со созданијата за нивно добро. Управувањето и сите негови измени се само за созданијата. Од Создателот не произлегува Зло, бидејќи Тој е извор на апсолутното Добро. Создателот само го создал Злото, но не го прави.

Постоењето на злото се заклучува во постоењето на негации во отсуството на Добро. Доброто и Злото, тие се доброто или неговото отсуство. Со тоа што Создателот дал изобилство (добро, светлина), па потоа го ограничил и создал Добро и Зло; Злото се родило од недостаток на Добро, односно од отсуството на изобилство. Злото постои не во целосното отсуство на изобилство, но само по неговото делумно отсуство.

Сите наши поими се родиле и работат само внатре во Созданието и затоа не можат да постојат поими "до", "пред" Созданието. Совршеното добро што произлегува од Создателот е скриено во "несовршеното" управување, што им дава место на дејностите на човекот. И во иднина сите патишта на управување ќе се подигнат до единственото, совршеното.

Сокривањето на Единството го раѓа несовршенството. Покажувањето на Единството ќе доведе до апсолутно изобилство. Најпрво се родило Злото во светот, а потоа тоа добило ограничување, за да не се распадне светот. Основата на управувањето е сокривањето или покажувањето; сокривањето го раѓа телото - Злото, а светлината и покажувањето го раѓаат Доброто и душата. Недостатокот на совршенството, сé уште не е Зло, но предизвикува недостаток, од кој постојано се појавува Зло. Во иднина ќе исчезне Злото, а Созданието ќе остане вечно.

9. Човекот и неговата работа. Работата на човекот се состои во исправувањето на недостатокот (егоизмот, Злото). Во него самиот, а на таков начин и во светот, и како последица на тоа, во спојувањето со Создателот. Созданието е како систем од тркала, пуштани за работа од души, невидливи поради материјалната обвивка. Злото, исто така е вклучено во овој систем, за да се открие Единството и кога тоа се открие, тогаш човек ќе се достигне самиот себе си.

Постојат два вида на влијанија на Создателот врз човекот за време на работа и за време на добивање на наградата. Кога Злото е на потребното место во системот на универзумот, тоа му помага на човекот во неговата работа. Придобивката од Злото е во сокривањето на Светлината и совршенството, и покажување на Единството и наградата на оној, кој што ќе ги издржи искушенијата и оној, кој што го исправува светот, и во слабеење на верата. Злото, што се наоѓа на потребното место, се јавува како средство за постигнување на духовното и со целосно познавање на универзумот Злото ќе се уништи. Злото е подготвено за работа и се зголемува или се намалува за исправување, сé додека не исчезне на крајот.

Двата дела на Злото: неважност и загуба. Првиот е од пропаѓањето на човекот од неговото вистинско духовно ниво. Влијанието на дејствијата на човекот врз целото Создание зависат од нивото на дејство: неговите квалитети и длабочина. На секое духовно ниво се утврдуваат последиците од дејностите на човекот и патиштата на нивното раѓање. Сите услови на Рајската Градина биле соодветни на нивото на Адам до паѓањето во грев. Материјалноста (нивото на телото) на Адам до гревот е пак таква, како неговото духовно ниво по гревот, а би можел да ги вознесе телото и душата, а душата, пак, соодветно уште повисоко.

Особеноста на Дрвото на животот е во духовниот подем, особеноста на Дрвото на Познавањето е во спуштање на материјалноста. Но е подготвен подем со помош на казни. Создавањето на човекот како низок-суштество, го обусловило влегувањето во грев, поради што се засилило влијанието на Злото во човекот.

10. Улогата на Израел во Создавањето. Сите делови на созданието се взаемно сврзани и дејствуваат во името на една цел – величање на Создателот. Кога, пак, деловите на Созданието не се соединети меѓу себе, има место за Злото. Кога пак се покажува нивната врска, единствената цел се открива, дека сé оди кон Добро.

Стремежот на дејствијата на Создателот се кон Израил:кога заслужуваат да дејствуваат со Добро тогаш нема место за Злото. Патот на Доброто управување е создаден, соодветно на дејството на идните праведници. Патот на Злото управување (на неисправностите) е во согласност со идните грешници. На доброто претходно му е дадена голема сила и вечност, а на Злото ограниченост во силата и времето.

Создателот го одржува постоењето на созданијата и во крајно неисправни состојби, за да можат да се исправат. Смртта не го прекинува духовниот живот на човекот и благодарение на тоа тој воскреснува од мртвите. Злото е во состојба да го уништи созданието и затоа започнало исправувањето во неговото оддалечување и намалување. Злото претходно е намалено и тоа се намалува со омаловажување, а исто така и со возвишување на доброто.

11. Управување според праведливост и љубов. Единството на управувањето води кон уништување на Злото, што постои само низ работа над него. Создателот претходно ги одредил добрите дејствија како корисни, а Злите како штетни. Потоа наведе награда и казна, и духовното ниво на човекот, во согласност со неговите дејствија и патиштата на исправување преку покајување и страдање.

Два закона се на управување:

а) влијанието поаѓа од Создателот;

б) Созданијата ги добиваат овие влијанија.

Основата на судот е љубовта на Создателот кон созданието и затоа казната се ублажува, а по потреба се поништува. Во секое дејствие има причина, што се породува и го дополнува. Едно управување може да биде причина за друго и негово дополнување. Кога судот суди праведно, тогаш ова е за Доброто на светот и праведниците се возвишуваат, а грешниците се понижуваат.

За време на сокривање на управувањето, кога судењето не е праведно се зголемува скриеноста и злото триумфира. Во времето на исправувањето на светот, злото исчезнува, потребата од праведно судење, судот ќе стане апсолутно Добар.

1. Во периодот на првите 2000 години на Египетскиот егзил Управувањето било апсолутно скриено. Со засилувањето на Злото се зголемувала скриеноста на судот, и со тоа Создателот го подготвувал патот на исправувањето, враќањето, покајанието.

2. Во Вавилонското и последното прогонство само малку се откриле патиштата на Создателот преку Тора.

3. Во првиот и вториот Храм се откриле дејствијата на Создателот преку чуда.

4. Во деновите на Месијата, на крајот од деновите на светот, целосно ќе се открие големината на Создателот и знаењето за Неговите патишта преку внатрешно достигнување и пророштво.

5. Постепено извишување на човекот е во согласност со длабочината на достигнувањето на големината на Создателот.

Горенаведените пет периоди одговараат на петте периоди на развој на човекот.

Сите созданија се пример за однесувањето на Создателот. Судот се води со помош на особините на Создателот.Толеранцијата,Праведливоста,Сочувството понекогаш се скриени, понекогаш се очигледни.Управувањето на судот ја задолжува врската на материјата и духот во човекот и квалитетните периоди на управување го дефинираат духовното ниво. Целиот Универзум зависи од односот на Темнината и Светлината, што владеат во различни времиња во различни пропорции. Строгоста на судот е во согласност со дејствијата на човекот, силата на Љубовта е надвор,во зависноста од дејствијата и како резултат ќе излезе Светлина и ќе го уништи Злото.

Три влијанија:

а) на Материјата;

б) на Духот, што ја уништува материјата;

в) на Духот внатре во Материјата.

Соодносот на влијанието на материјата и духот, породуваат светли времиња (посебни) или темни (делнични). Човекот е должен во почетокот да се покрене од провалијата, формирана од влегувањето во грев на Адам,а потоа и понатаму,до совршенството,што му е подготвено.

Љубовта го ублажува или воопшто го поништува судот, и ја става пресудата во извршување. Особеноста на Создателот не се Неговите лични особини, туку само Неговите дејствија во врска со нас.

12. Примање на Божественото изобилство.Неопходно е да правиме разлика помеѓу управувањето на Создателот, ревитализирањето на созданијата и нивното исправување. Основата на созданието е народот на Израел. И најмалиот човек може да се вознесе кон врвовите на световите. При исправувањето Злото се претворува во Добро и на таков начин созданието достигнува совршенство. Израел добива совршенство од Создателот, во согласност со блискоста до Него. Праведниците се партнери на Создателот според совршенство на Созданието и гордо уживаат во Неговата близина, а до раѓањето душата добива задоволство само како подарок.

Односите со лице еден кон друг, и со грб еден кон друг на Израел и Создателот, одговараат на нивната взаемна близина или оддалечување. Создателот дава сили да се справат со наредбите и да создаваат духовни совршенства, како што ја дал на планината Синај. Праведниците го исправуваат созданието од недостатоци и гревови, според тоа, Создателот му излива изобилство на созданието. Создателот излива изобилство, а Израел се подготвува себе си за неговото добивање. На тој начин и двајцата: и Создателот и Израел се партнери во исправувањето на Созданието. Силата, што ја раѓа Израел, одговара во сите детали на управувањето на Создателот и од неа зависи сé што се случува со Израел.

Шехина (присуство, докажување на Создателот) е изворот на созданијата и се грижи за нив.Но гревовите на созданијата ја оддалечуваат и на таков начин се намалува изобилството, излеано од неа врз Созданието.

Малахим (ангелите) се посредници, амбасадори на истакнување на откривањето на Шехината.

Храмот е главното место на истакнување на Шехината и тоа е целта на сите дејствија во него.

Големината на Создателот се открива преку големината на Созданието, и во тоа била целта на работата на коените и со тоа тие привлекувале светлина во сите светови. Со работата на праведниците се открива единството со Создателот, и со тоа се развива и се усовршува Созданието. Пропорционално на зближувањето со Создателот, Тој ја сака нашата работа и во согласност со тоа, нејзините плодови се исправувањето на Созданието.

Два вида на соединување на Израил:

а) врз основа на Изворот;

б) врз основа на работата, што го определува целиот правец. Големината на влијанието на светлината (изобилството) во саботата и во делниците, наутро и во другите часови на денот зависи од јачината на врската на Создателот со нас, и во ова била исто така главната работа на коените во Храмот.

13. Патот на управување на Единството. За нас е возможно да постигнеме апсолутно сé во врска со прашањето на верата.

Целта на постоењето на Злото поради Доброто, ќе доведе до откривањето на Единството и уништување на Злото. Доделувањето на Злото, слобода на дејствување дури над праведниците е за откривање на Единството. Праведниците во страдањата го откриваат Единството и затоа тоа е награда, а не подарок, и целиот свет ги ужива плодовите на нивниот труд.

Блиску до целта е можна состојба или на изобилство, или обратно, намалување на Светлината како последица на тајните причини во Управувањето.

Во секого постои свој дел во исправување, според тајните причини, и секој, според овој дел, добива награда. Среќата е скриеното управување во името на крајната цел, но наградата во иднина е само според извршената работа и издржливоста во тестирањата.

Управувањето "казна - награда" или управувањето преку "среќа" периодично се менуваат едно со друго, и тоа го зголемува тестирањето на верата. При приближувањето на деновите на Месијата, дејствува во основно управување преку среќа и не се чини немање на Праведливоста, а тоа е поради исправувањето на Созданието. Основата на управувањето е во името на исправувањето, но тоа е невидливо, обелоденети се само законите за награда и казна. Наградата во иднина ќе биде според исправувањето што го направил секој во текот на сите циклуси на душите.

14. Циклус на времето. Ѕвездите владеат над сите созданија што се родени под нив. Има влијание на ѕвездите вкупно и делумно. Духовниот раст на човекот е во согласност со циклусот на времето во Созданието.

****

Сега, да дадеме пример за еден практичен заклучок од краткиот расказ на содржината на книгата "Даат Твунот":

Напишано е: "Нема никој, освен Него", односно нема воља и сили во светот освен Создателот. А сé што му се чини на човекот, дека го отфрла потврдувањето дека сé е од Создателот е само затоа што таква е Неговата желба во согласност со принципот: "левата (рака) одбива, а десната привлекува".

Односно има работи во светот, специјално создадени, за да го одстранат човека од неговиот пат. Та нели само такви поттици водат кон раскршување на привичните поими, и кон расцепување на селокупната желба, на утврденото гледиште за животот. И сето тоа е поради тоа,за да се појави потреба од Создателот, за вистинското, вечното соединување со Него. Бидејќи ситуациите на збунетост, неувереност, неодржливост "притискаат" врз човекот и не може тој повеќе да остане во привичната состојба „ло лишма ", а само преку напори, отфрлајќи ги разумот и сметките може да се спаси, да ги победи сите факти и пречки на патот кон вечното.

И само кога човек сфака дека тој не е во можност да влезе во духовниот свет без напори над разумот, и покрај потврдувањата на разумот и чувствата на срцето, ќе се појави во неговото срце вистинското барање кон Создателот. Бидејќи конечно ќе се убеди дека нема во него друг, пат освен Создателот да му ги отвори очите и срцето. И тоа намерно го замислил и му го подготвил Создателот, за да се приближи кон Вистината.

И човекот е должен да се труди постојано, да се стреми кон близина на Создателот, за неговите мисли да бидат постојано за Создателот. Дури, ако тој се наоѓа во најлоша состојба, најнеповолната, и тоа да го соедини со Создателот. Односно да разбере дека имено Создателот му пречи да влезе во духовниот свет. Но, да не мисли дека има друга волја, која може да создаде добро и зло, како да некои нечисти сили не му даваат шанса да направи добри дела, и му го отежнуваат патот кон Создателот. Сé се прави од Создателот!

... Рав Шломо од Карлин патувал со еден од своите ученици. На патот застанале малку во гостилницата, седнале на маса и Рав побарал да му стоплат медовина, тој сакал да пие топол мед. Во тоа време во гостилницата влегле војници, и гледајќи дека на масата седат евреи, им викнале веднаш да излезат надвор. "Медот се стопли ли?" го прашал Рав гостилничарот. Во гневот војниците удриле на масата и завикале: Бегај од тука или ...!" "Така, тој уште ли не е подготвен?" рекол Рав. Оној кој кај војниците бил водачот, извадил од ножницата сабја и ја допрел до грлото на Рав. "Само, не е потрбно таа да биде премногу жешка" рекол Рав Шломо. И војниците отишле ...

И како што рекол Бааљ Шем Тов-: кој зборува дека има други сили, освен Создателот, како да се поклонува пред други богови.

Дури и ако човек си мисли дека има уште една власт, па дури и неговата сопствена. На пример, смета дека вчера сам тој не сакал да оди по патот кон Создателот, исто така, се заблудува и како да не верува во единственоста на Создателот.

И затоа, кога човек врши кривично дело, тој не е должен да жали за тоа, дека тој го извршил, но да жали за причината, зошто Создателот го отфрлил и оддалечил од себе, та нели имено Создателот му дал мисла и желба да го изврши делото.

И така, кога има стремеж кон духовно издигање и работа над себе си, човек мора да знае дека ова е тоа, што тој нашол благонаклоност од Создателот. И затоа Создателот го приближува кон себе си, сугерирајќи му ги соодветните мисли и желби. И е должен да се стреми постојано да ги задржува овие мисли и желби.

И исто така жалењето, што Создателот не го привлекува кон Себе си, не треба да му биде жал за себе, жалење што тој е оддалечен и затоа станал примател, егоист, односно се наоѓа во оддалечување од Создателот. Жалењето мора да биде за тоа, дека му причинил огорчување на Создателот. И тоа чувство на огорчување на Создателот е неизмерно посилно отколку најискреното и силно жалење кај човекот (како огорчувањето, причинето на родителите од лошите постапки на синот).

И, исто така, кога чувствува радост од тоа дека се дрзнал да ја добие благонаклоноста на Создателот, исто така треба да биде чувство не за своја сметка, а мора да се радува на тоа, дека се дрзнал да го зарадува својот Создател.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели