1. Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2. А земјата беше безоблична и празна; темнина се ширеше над бездната, и Духот Божји лебдеше над водата.
3. Бог рече: Нека биде светлина. И би светлина.
4. Виде Бог дека светлината е добра, и ја оддели Бог светлината од темнината.
5. Светлината Бог ја нарече ден, а темнината - ноќ. Би вечер, би утро - ден еден.
________________________________________
Така започна првото поглавје на Тора (Петокнижието "- главата Берешит). При читањето на овие редови во свеста на секој човек секогаш се појавува конкретна слика. Но како е прашањето со толкувањето на оваа слика? До нас достигнуваат различни толкувања на она што е напишано во Тората на ниво «пшат» - едноставна смисла, но овие едноставни толкувања породуваат многу прашања, бидејќи она што е напишано нема логика и научен пристап. Како науката Кабала го објаснува напишаното во Тората?
Претходно мора да се каже дека во сите свети книги, без исклучок, се зборува само за едно - за Вишиот свет, како тој е создаден и како од него се родил нашиот свет, при тоа не само се раскажува за овој непознат за нас свет, но и се обучуваат читателите како да го „гледаат "овој свет.
Ова учење "како да го гледаат" духовниот свет се нарекува откривање на Вишиот свет, таков каков што е во својата суштина. И овие степени на откривање на духовниот свет се нарекуваат духовно возвишување на човекот или степен на духовното подигање на човекот.
Создателите на науката Кабала во своите книги го опишуваат духовниот свет и своите искуства во него користејќи неколку јазици. Кога тие опишуваат како се создал Вишиот свет го користат јазикот на сефирот, парцуфим и цртаат графики и цртежи. Мојсеј, авторот на Тора го опишува Вишиот свет на разбирлив за луѓето јазик наречен јазик на преданијата и на законот. Во Тора се опишува создавањето на Вишиот свет, планот за развој на овој свет, а исто така и процесот на создавањето на Човекот, но во Тора не станува збор за човекот од нашиот свет.
Се зборува за тоа, како е создадена желбата за задоволство, наречена уште Душа или Адам за насладување вечно и неограничено.
Постојат само две работи: желбата и оној кој ја создал оваа желба - Создателот. Затоа сé што ние го "гледаме" освен Создателот, се само разновидности на желбата за задоволства.
Во нашиот свет ситуацијата е слична. Ние разликуваме објекти со различна форма, но овие објекти се разликуваат едни од други само по тоа што имаат различно количество желби за задоволство, а од тука се дефинираат и сите карактеристики на овие објекти.
Желбата за задоволство може да се реализира само ако таа помине низ пет фази. Овие пет фази (нивоа) се нарекуваат сефирот, секоја од нив има име на иврит: "Кетер", "Хохма", Бина", "Тиферет", "Малхут". Ние не знаеме ништо за суштината на Создателот. Единственото што констатираме е дека Создателот имал желба да го исполни своето создание со задоволство, за да тоа ги почувствува вечноста и неговото совршенство, бидејќи токму во овие услови, Самиот Тој живее и сака да го даде на созданието. Создателот е совршен и единствен. Тој посакал да му ја даде на своето совршено создание - Својата состојба ..
Кабала не го изучува оно што се случува во нашиот свет, туку она што се случило во Вишиот свет, од каде духовните сили го создаваат нашиот свет, ги иницираат и предизвикуваат сите настани што се случуваат во него. Постепено во процесот на изучување на Кабала човекот почнува да го гледа (чувствува) Вишиот свет.
Во Тора се опишува создавањето на Вишиот свет и ова дејство во Кабала се нарекува "Првиот ден на создавање". Во следните активности, односно така биле нарекувани следните денови, Создателот ги создава управувачките сили на Вишиот свет. Последното шесто дејствие на Создателот, или во шестиот ден на созданието бил создаден Адам. Тој е последната акција на Создателот и затоа тој се јавува израз на целокупното негово создание. Се што е создадено пред него е создадено за Адам. Адам е обврзан да биде сличен на Создателот, да биде во сè еднаков на Него и сам да управува со својата судбина.
Притоа човекот сам треба да стигне до таа виша, совршена состојба. Да достигне сам, тоа значи дека на почетокот човек треба сам да спадне во најлошата состојба, спротивно на Создателот, а потоа сам со свои сили да излезе од неа.
Со помошта на Кабала човекот го гледа нашиот свет и Вишиот свет, и интеракцијата помеѓу нив. Од Вишиот свет доаѓа информација до нас и пред нашите очи се претвора (реализира) во материја (реалност). Од друга страна реакцијата на човекот (како последица на оваа информација) се враќа во Вишиот свет и таму се решава нашата иднина, во каков вид, подобар или полош, ќе се материјализира пред нас.
И така Создателот, кој се наоѓа на највисокото духовно ниво, го создава созданието спротивно на СЕБЕ. И целосно го исполнува со светлина. Искачувајќи се обратно по духовните степени созданието добива задоволства многукратно повеќе отколку при своето создавање и слегувањето на овој свет.
Притоа, во созданието треба да има сили и можности слободно да избира помеѓу својот егоизам и Создателот, самостојно да го избира својот пат и да оди по него.
За тоа, Создателот ги создал следниве услови:
- Целосно одвојува на созданието од себе си.
- Му дава можност за развој и да достигне до Вселената.
- Му дава можност за слободни дејствувања.
Создателот постепено ги создава овие услови за созданието. Првичното создание, што го чувствува Создателот, но тоа не е самостојно. Тоа целосно е зависно од светлината и таа му ги диктира условите на созданието и му ги дава своите особини.
Создателот планира и создава самостојно создание, што е независно од Него и од светлината. Со други зборови созданието се ослободува од светлината и станува самостојно во своите дејствија. Оваа активност, истерувањето на светлината од духовниот "сад", се нарекува Скратување.
Тора започнува со зборовите "Во почетокот" (Берешит) – во почетокот на процесот на одвојување на созданието од Создателот. Самиот збор Берешит "потекнува од зборот "бар "- надвор, т.е. раскажува за излегувањето на созданието во одделно состојба, помеѓу земјата и небото.
"Во почетокот Создателот ги создал небото и земјата". Небото е сефира Бина со нејзините алтруистички особини, а земјата е сефира Малхут со своите земјени егоистички особини. Помеѓу овие две поларни особини делува секоја систем во универзумот, во оваа состојба се наоѓа и душата на човекот.
Тора започнува со раѓањето на созданието, Вишиот свет и создавањето на човекот - душата наречена Адам. Тора ни е дадена во овој свет како упатство за да се издигнеме до најсовршена состојба.
Во својата крајна состојба созданието, душата или Адам, како сакате нарекувајте го, не е поправено. Тоа само треба да се поправи и да ја достигне состојбата "Крај на Поправката".
Замислете дека имате неисправни инструменти со кои треба да работите. За да можете да работите со нив, вие мора прво да ги поправите, а потоа да работите. Еве така и во Тора се зборува за тоа како ние можеме да ги поправиме неисправните инструменти – душата што ни е дадена од горе.
Во времето на таа поправка човекот се наоѓа помеѓу два света - вишиот и нискиот. Неговата душа е во процес на поправање и ги добива потребните навики, знаење, искуство, а најглавно е, дека во човекот се појавуваат нови чувства, нови особини.
Кога човекот целосно завршил со поправањето на душата, тој добива такви особини, благодарение на кои тој може да постои во Вишиот свет, да ја чувствува вечноста, мирот и совршенството.
Оваа посебна состојба не е опишана никаде, ниту во Кабала, ниту во Тора, едноставно, бидејќи е невозможно да се опише, т.е. во нашиот јазик не постои аналог за неа.
Во пределите на Крајот на Поправањето се наоѓа област, која никаде не е опишана и се нарекува "Тајните на Тора".
Постојат многу мали упатувања за оваа област во книгата "Зохар" и во "Талмуд", нарекувани посебни, тајни состојби "Маасе Меркава" и "Маасе Берешит", но сето тоа е само упатување, а всушност овие состојби, овие духовни области е невозможно да се изразат со зборови, затоа што нашите зборови, нашите букви, нашите поими се земени од областа на Поправање и се ефикасни само во неа.
Она што се наоѓа во повишите системи на Поправањето е недоловливо за нас и затоа не може да биде искажано на човечкиот јазик, вметнато во нашите координати, дефиниции и претстави.
"На почетокот Создателот ги создал небото и земјата ...", две особини: егоистичното и алтруистичкото. Со помош на алтруистичката особина "небо" се поправа егоистичната особина "земја" - душите. Сите овие поправки се случуваат како последица на седумте активности на Создателот нарекувани "седумте дена на создавањето".
Овие условни имиња, секако, немаат никаков однос кон нашите земни денови. Се зборува за духовни состојби, за духовни чувства на човекот, за овие фази на поправање, за системот во кој се поправа душата, која засега се наоѓа на ниво "земја".
Потребното издигнување на душата од нивото на сефирот Малхут до нивото на сефирот Бинали, т.е. егоистичната особина Малхут да се претвори во алтруистичката особина Бина, се постигнува со седум последователни поправки, наречени "седум дена од неделата".
Во Тора се објаснува што треба да прави човек со својата душа "секој ден".
________________________________________
Прв ден
1. Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2. А земјата беше безоблична и празна; темнина се ширеше над бездната, и Духот Божји лебдеше над водата.
3. Бог рече: Нека биде светлина. И би светлина.
4. Виде Бог дека светлината е добра, и ја оддели Бог светлината од темнината.
5. Светлината Бог ја нарече ден, а темнината - ноќ. Би вечер, би утро - ден еден.
________________________________________
"И ја оддели Бог светлината од темнината". Што значи тоа? Човекот треба да ги следи активностите на Создателот во своето поправање и тоа е првата заповед, која човекот треба да ја извршува. Така тој во себе ги поделува мислите и желбите, за да види кои од нив се светли - "небо" и кои се темни - "земја".
Овој процес се нарекува "акарат ара" - осознавање на злото. При изучувањето на Кабалистичките книги и приопштувањето кон групата на кабалистите, човек почнува да анализира, кои од неговите особини им припаѓаат на духовните и кои на телесните.
Противпоставувањето на овие особини една со друга, нивното одделување една од друга претставува првиот чекор кон поправањето. Ова е првиот ден на создавање на Човекот во себе.
________________________________________
Втор ден.
6. И рече Бог: да има свод насред водата, и тој да разделува вода од вода. (Така и стана).
7. И создаде Бог свод и ја оддели водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана.
8. Сводот Бог го нарече небо. (И виде Бог дека тоа е добро.) Би вечер, би утро - ден втори.
________________________________________
Откако човек ги раздели егоистичните и алтруистичките особини во себе, тој мораше да почне да ги поправа.
Ова се случува со помош на посебниот свет на Создателот. Од Создателот произлегуваат два вида на светлина: Хохма и Хасадим. Користејќи ги особините на светлината Хасадим (милосрдие), нарекувано "вода", човекот добива особина да дава, алтруизам.
Егоистичната особина "земја", голта сé во себе, тоа е нашата првобитна природа. "Водата" ова е особината на давање, таа ја наводнува земјата. Со тоа дејство "водата" и овозможува на "земјата" во неа да се зароди живот.
Особината давање го менува егоизмот во човекот и му дозволува да го чувствува Вишиот свет, Создателот, да го гледа својот минат и иден живот, душата, која е вечна и поминува од тело во тело. Оваа особина давање му овозможува на човекот да види сите свои циклуси. Душа, која не е поправена не може да види ништо друго освен нашиот свет.
________________________________________
Третиот ден.
9. И рече Бог: да се собере водата што е под небото, на едно место, и да се појави копно. И стана така. (Водата под небото се собра на своето место и се појави копно).
10. Копното Бог го нарече земја, а собраните води - мориња. И виде Бог дека е добро.
11. И рече Бог: Нека израсте од земјата зеленило, трева, што дава семе, според свој род (и вид), и дрво (плодородно) на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род. И стана така.
12. И пушти земјата од себе зеленило, трева што дава семе според својот род (и вид), а и дрво (плодородно) што раѓа плод (на земјата), и чие семе е според неговиот род. И виде Бог дека е добро.
13. Би вечер, би утро - ден трети.
________________________________________
Собираме вода под небото и се открива копното. Дел од прво создадената Земја се појавува од под водата. Под влијанието на "водата", "земјата" станува погодна на неа да започне живот, бидејќи во неа постојат истовремено особините на водата и особините на земјата.
Водата сама по себе е опасна за животот, како и сува земја. Да се потсетиме како Ное го пушти гулабот, за да најде земја.
Правилното поврзување на алтруистичките и егоистичните особини "небо" и "земја" во душата на човекот овозможуваат поправка на созданието.
Тоа дејствие се нарекува "кав емцаи" - "средна линија". Нашата природна егоистична природа се нарекува Земна, „лева линија". "Десната линија е особината на Создателот, особина на водата, особина на алтруизмот, давањето
"Средната линија" е линијата на човекот. Тој треба „да го избере животот ", т.е. зема толку "вода" и да ја комбинира со "земјата" така да израсне од Земјата живот. "Дрвото на Животот" - тоа е духовниот човек кој ја чувствува вечноста и се поистоветува со вечната душа, а не со своето привремено тело. Духовниот човек го чувствува своето тело како привремено придружна обвивка. Овој преод на сопствена идентификација со душата наместо со телото е психолошки и покажува колку од Малхут се совладани особините на Бина.
Четвртиот ден.
14. И рече Бог: „Нека се појават светила на сводот небески, (за да ја осветлуваат земјата) за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините;
15.И нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат земјата!" И би така.
16.И создаде Бог две големи светила; светило поголемо да управува со денот, а помалото светило да управува со ноќта, ги создаде и ѕвездите;
17. И ги постави Бог на сводот небески, за да ја осветлуваат земјата,
18. И да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро.
19. И би вечер, и би утро - ден четврти.
________________________________________
Во четвртиот ден се појавиле небесните светла, што ја одредуваат промената на деновите и ноќите, месеците, годините. Поправањето станува во секој дури и најмал дел од вселената, а под зборот Вселена се разбира Адам (душа), а нејзините составни делови, одделните души се нарекуваат "Бнеј Адам" - синовите на Адам. Секоја одделна душа го поминува периодот на поправање, како заедничката душа Адам.
________________________________________
Петтиот ден.
20. И рече Бог: „Нека произведе водата влекачи, живи суштества; и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!" (И би така).
21. И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според нивниот род. И виде Бог дека е добро.
22. И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата.
23. И би вечер, и би утро - ден петти.
________________________________________
Во "Книгата Зохар" се опишува секој ден од создавањето, со изградба "Ејхалот" - на небеска палата, со вид на "празнина" (желба), што се исполнува од Вишиот свет во степенот на променетите егоистични особини на душата во алтруистички. Поминатите низ клиничка смрт луѓе делумно го чувствуваат овој Виш свет и потоа раскажуваат за особено неземно чувство на мир и радост што ги обзема.
Постепено исполнување на "празнотијата" (желбата) ги води сите души кон состојба на поправки и усовршување. Во Вишиот свет нема време, зашто сите состојби се совршени. Така на пример во расказите на Тора нема време и сите раскази се причинско -последично поврзани.
Ќе видиме на пример, дека човекот бил создаден во шестиот ден, и опстанал само неколку часа, згрешил и се нашол во материјалниот свет, а заедно со него и целиот свет.
________________________________________
Шестиот ден.
"Да создадеме човек според нашиот образ и подобие, и да го оставиме да господари над рибите во морето, над птиците на небото и над добитокот ..."
________________________________________
Што значи да создадеш според образ и сличност? За образ и сличност во Тора е речено: "Бе Целем Елоким бара ...".
"Целем" значи овој дел од Бина, кој се спушта во Малхут и ги дава особините на Создателот. Кажано со други зборови овој парцуф на Бина е апарат на Вишото управување, кое управува со сите души и редот на нивното поправање. Малхут е збир на сите души кои треба да се поправат. Секоја промена во нас станува преку Бина. За таа цел од Бина излегува посебен апарат што влегува во Малхут, за да го промени.
Овој апарат влегува во секоја душа и се вика "целем" - "слика". Ова е комплет од особини, карактеристични само за Создателот.
Ние немаме информации за тоа како е создадено созданието и не чувствуваме што е тоа Вселената т.е. без чувството на духовниот свет ние не можеме да знаеме,како да постапуваме кога го правиме следниот свој чекор во нашиот свет. Тоа е и причината ние да не разбираме што се бара од нас.
За да ги има во човекот сите особини потребни за неговото движење напред Бина е обврзана да не научи и покаже како и што да правиме.
Ова е задача на нашиот "Целем" - дадениот од Бина помошен уред. Тоа се вселува во нашата душа и ги спроведува во неа сите потребни поправки. Речено едноставно со помошта на Целем од нас се создава Човек.
Седмиот ден.
"И беа завршени небето и земјата, и во седмиот ден се прекинала секаква работа".
________________________________________
Работата врз човека завршува с придобивањето на особините на Бина.
Шест пати тој ги правел овие поправки во себе си: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход Есод. Овие шест последователни поправки се нарекуваат шест дена, или шест илјади години на создавање. Малхут не е во состојба да се поправи сама, но по проголтувањето на шесте претходни особини таа може да ги добие од нив нивните особини. Седмиот ден завршува со тоа, дека сé што е создадено за шест дена влегува во Малхут.
Сабота е посебен ден, бидејќи тогаш завршената душа се вознесува во Вишиот свет. Единствениот услов во тој ден e "да нема никакво мешање" во овој процес на вознесување, тоа симболично го прикажува саботниот закон.