Дата, 23-ти, месец Нисан, година 5715
На моите почитувани ученици...
Писмото од го добив и тој добро прави со тоа што детално појаснува сè што се однесува на него, колку што му е достапно тоа, а сето останато за што ми пишува, се надевам дека наскоро ќе го подреди како што треба.
Мишна вели: „Сите треба да бидат видени“ (расправа Хагига, 1), односно секој треба да се појави во Храмот, како што е речено: „Да се појават кај тебе сите мажи...“ (Дварим 16;16) – оној кој е маж, односно кој дава, треба да чувствува дека Создателот го гледа и го следи што прави, како што рекле мудреците: „Кој е ќор на едно око е ослободен од (обврската) да се појави (во Храмот), како што е речено: „ќе види, ќе види“, доаѓа како да гледа со двете очи, па така и ќе биде виден со две очи“ (расправа Хагига). „Очи“ – тоа е „Јас“ (Дварим 5; 6) и „Нема да имаш“ (Дварим 5;7). „Јас“ се нарекува љубовта која се појавува од милосрдието, од вербата, а „Нема да имаш“ се нарекува „жената“, односно левата линија. Дури тогаш се удостојуваат да го примат ликот на Шхина. „...И нека не се појавуваат пред лицето Мое со празни раце, - Секој (нека донесе) по еден подарок во раката своја“ (Дварим 16;16, 17), што значи колкаво и да било неговото будење долу и „по благословот од Создателот“ (Дварим 16;17), што значи колку му светел Создателот за време на работата, за да може тој да продолжи со неа; на тој начин е можно удостојувањето за прифаќање на ликот на Шхина.
Гмара (расправа Хагига, стр. 4) зборува за кажаното во Мишна: „Освен занаетчијата, глупавиот и малиот... Кој е глупав? Оној кој го губи тоа што му се дава“ – тој е ослободен од (обврската) да се појави, односно не може да се удостои со никаква наметка од светоста. И вака јас го објаснив она што рекле мудреците: „Раби Јоханан рекол: Кој е ученик на мудрецот? Оној на кого му ја враќаат загубата на очите, кој е строг и кој бара да му ја свртат неговата наметка (расправа Шабат 114). Треба да се разбере какво величие има во ова. Според нашиот пат ова е едноставно: „неговата наметка“ е наметка на душата, односно дека тој е строг и бара да се сврти желбата за примање кон „за давање“. И такво е правилото – секој човек се удостојува кога – тогаш со будење од небесата. Но, зошто го напушта тоа будење? Затоа што не греши човекот, ако во него не влегол само духот на глупоста.
Излегува дека има мудрец и глупак. Мудрец се нарекува Создателот. Ученик на Мудрецот е оној кој го научил својството на Создателот – да дава, а глупак е оној кој е спротивен на Создателот, кој сака да прима за себе и од тоа што се буди садот за примање, веднаш него го напушта будењето. Но, кога тој е строг и бара да му ја свртат неговата наметка, кон за давање, веднаш му ја враќаат неговата загуба – на очите, односно тој се удостојува со очите на светоста, се удостојува со категоријата „Јас“ и „Нема да имаш“. И ова е доволно за оној кој разбира.
Но треба да се знае дека постои категорија заповед и категорија Тора, како што е запишано – свеќата на заповедта и Светлината на Тора. Книгата Зохар објаснува зошто се принесува жртва на јачменот на Песах, зошто Омер бил од јачмен – затоа што Месечината била нагризана, односно имало „обрежување“ (мила) без „соблекување“ (прија) (и само на првата ноќ имало будење одозгора). Обрежувањето е отстранување на крајниот дел, односно отфрлање на желбата за примање. Со тоа тој се удостоил со категоријата заповед, категоријата верба, наречена „тфилин на раката, на слабата рака“. Оваа категорија се нарекува „Царство на Небесата“ (хебр. Малхут Шамаим) и таа е категорија „добиток“, гематрија од името БО"Н. Понатаму, со помош на поправањето од собирањето на Омер во текот на седум недели, се удостојуваат со примање на Тора, а тоа е категоријата „Небеса“, Зеир Анпин, гематрија на Адам, човек. Затоа на Ацерет принеле, како жртва, два леба од пченица, која е храна на човекот.
И одовде треба да ја разбереме Мишна (расправа Рош Ха-Шана 16): „На Песах се изнесува пресуда за житото, а на Ацерет за овошките на дрвјата. Раби Јехуда рекол (со зборовите) на раби Акива: „Зошто Тора рекла: Принесете пред Мене омер на Песах, за да добијат благослов житарките во вашите полиња и зошто рекла Тора: Принесете пред Мене два леба на Ацерет, затоа што Ацерет е време на овошките? Севишниот рекол: Принесете пред Мене два леба, за да добијат благослов овошките на дрвјата“.
Треба да се разребе каква врска постои меѓу храната за добитокот и житариците во полињата и каква врска постои меѓу храната на човекот, која е пченицата и овошките на дрвјата. Според нашиот (начин на толкување) врската е едноставна: омер е храна за добитокот, што значи верба, заповед, страв од небесата; Малхут се нарекува категорија „добиток“. Додека пак, два леба е храна на човекот; како што ги толкува РАШ"И зборовите на раби Јехуда: „Дрвото од кое јадел Адам ха Ришон (хебр. Првиот човек) било со пченица, затоа што човекот се нарекува Полско Дрво (Дварим 20;19) и Тора се нарекува Дрво, како што е запишано „Таа е Дрво на Животот“. Бидејќи се удостојуваме со Тора, се вели дека на Ацерет се изнесува пресуда за овошките...
Вашиот пријател, Барух Шалом Леви Ашлаг, син на својот татко и учител Баал ХаСулам
* Писмото број 6 во изданието од 1998 година е под број 7