Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За важноста на групата

Познато е дека ако човекот, кој има било каква желба да оди по патот на Вистината, постојано се наоѓа помеѓу луѓе, кои немаат никаков однос спрема тој пат и кои активно се борат против тие луѓе кои го следат тој пат, човекот постепено започнува да се согласува сo нивното мислење, односно со мислите на луѓето, кои многу малку зборуваат меѓу себе, за да не се "измешаат".

Затоа не постои друг пат, освен да се создаде своја сопствена група со определени рамки, т.е. одделна група, во која нема да има луѓе со идеи, различни од идеите на таа група. Освен тоа, членовите на таа група треба секој пат да се потсетуваат за целите на таа група, за да не ги следи другите луѓе со мака, т.е. таква е природата на човекот, сака да оди по повеќето.

Доколку таа група се одделила од останатите луѓе, односно не треба да биде во никаква врска со другите луѓе во духовните работи, а сите контакти се ограничени само на материјалните прашања, тогаш туѓите идеи и мислења немаат влијание на неа, односно немаат никаква врска со религиозните работи со другите.

Но доколку човекот, кој го следи патот на Вистината, се наоѓа помеѓу религиозни луѓе и започнува разговор со нив, тогаш неговите погледи се "мешаат" со нивните погледи и против негова волја, потсвесно, нивните идеи проникнуваат во неговото сознание се до тоа да човекот престане да осознава, дека тоа не се негови, туку туѓи погледи.

Сепак тоа е ограничување за човекот кој го следи тој пат на Вистината – треба да се оддели од другите луѓе. За да оди по тој пат, треба да се вложуваат многу големи сили, заради тоа што треба да се спротивстави на идеите на целиот свет. Затоа што идеите на целиот свет се основани на знаењето и добивањето, во тоа време кога идеите на Тората се базирале на верата и желбата за давање.

Ако човекот не се оддели од туѓите мислења, тогаш тој ќе се оттргне од патот на Вистината и засекогаш ќе падне под влијание на себичноста. Само во групата, во која владеат принципите за љубов кон ближниот, човекот може да црпи сили за да се бори против идеите и мислењата на целиот свет.

Во книгата "Зохар" ("Пинхас") кажано е дека ако човекот живее во град, во кој живеат лоши луѓе, а тој не може да ги исполнува Заповедите на Тората и не може да ја изучува Тората, тогаш тој го менува местото – се ослободува себе си од тоа место, за да се пресели во друг град, каде што живеат луѓе кои ја проучуваат Тората и Заповедите.

Тората уште се нарекува и "Дрво". Нашите мудреци велат: "Дрвото на животот (Тората) е за тие кои се придржуваат до неа". И човекот е сличен на дрвото: "Човек – дрво плодоносно". А Заповедите се слични на плодовите. Затоа, доколку е напишано само "дрво" тогаш тоа е бесплодно дрво, т.е. исушено кое ќе биде отсечено, така и за неисполнувањето на Заповедите човекот ќе биде отсечен и од тој и од другите светови.

И затоа човек треба да се пресели од местата каде што има грешници, т.е. од местата каде што не може да се занимава со Тората и Заповедите. Тогаш тој треба да се пресели во друг град, помеѓу праведните и тогаш може успешно да се придржува до Тората и Заповедите.

Како што беше кажано, "Зохар" го споредува човекот со плодовите од дрвото, а како што ни е познато тие дрвја страдаат од околните плевели, кои треба постојано да се палат. Така и човекот, кој го следи патот на Вистината, треба да се оддалечува од таквото окружување, односно од луѓето кои не го следат тој пат. Човекот треба да го следи тоа, за да не потпадне под туѓо влијание.

Тоа се нарекува одделување, изолација, т.е. кај дадениот човек постојат само сопствени мисли, кои се однесуваат на "апшаа", на желбата да дава, а не на мислите на повеќето, кои се стремат кон самољубие, т.е. кон себичност. И тоа се нарекува две владеења: првото – владеење на Создателот и второто – владеење на самиот себе.

Во Талмудот (трактат "Санедрин", стр.78) е напишано: "Во името на Рава рав Јехуда рекол дека Адам бил вероотстапник: "И Создателот го повика Адам и му рече: "Каде си? Каде го отргна своето срце"?" Објаснување: тој бил вероотстапник, склон кон "служба на звездите" ("аводат кохавим"). И другото објаснување: "Од напишаното: "Каде си? Каде го отргна своето срце? " – може да се забележи дека вероотстапништвото на Адам е во неисполнувањето на заповедта "не следете ги вашите срца..." Тоа е вероотстапништвото, што го отргнал своето срце во друга насока.

Тоа е многу чудно, како може да се каже за Адам дека го насочил своето срце кон "аводат кохавим" или согласно второто објаснување, дека неговтo вероотстапништво е во тоа дека тој ја нарушил заповедта "не следете ги вашите срца..."? Ние учиме, дека поимот "служење на Создателот" е во тоа да правиме сè за да даваме.Се добива дека ако Адам служел за да добие, тогаш тоа е туѓа работа за нас ("авода зара", "аводат кохавим"), а ние треба да служиме само за да даваме, а тој земал сè за да добие.

И во тоа се заклучува мислата за тоа, дека тој ја нарушил заповедта "не следете ги вашите срца...", т.е. Адам не можел да добие плод од Дрвото на познанието, не поради отстапувањето, туку само поради желбата за да добие. Тоа се нарекува ниво на "срцето", односно срцето сака да добива само за своја сопствена корист. А тоа е грев за Дрвото на познанието (за да се разбере тоа подобро види "Предговор кон книгата "Паним масбирот").

Од горенаведеното можеме да ја дознаеме користа на групата, која може да даде друга совршена атмосфера, во која е можно да се служи само за да се даде.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели