Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Интегрално општество: утопија или реалност?

За гордо да одекне името „Човек“

Валерија Хачатурјан - Прашање: По што се разликува човекот од животното? Каде е нивото, кое ние го нарекуваме „човек“? Ниче велел дека човекот е животно со расипани инстинкти. Тоа е болно животно – во смисла дека веќе нема да биде животно. Нему му е тешко, бидејќи треба да се искачува некаде нагоре.

М. Лајтман: Животно плус егоизам е еднакво на човек. Природата намерно го развила во нас расипаниот егоизам, за да можеме правилно да го искористиме. А ако се придржуваме на мислењето на Ниче, тогаш едноставно ја пречкртуваме целата природа, односно нас самите, нашиот разум, нашиот правилен однос и правилното сфаќање. Во природата ништо не се случува напразно. Ние така мислиме, затоа што ја опсервираме природата во само еден краток историски дел, или не можеме да ја опфатиме целосно. Како што се вели: „Не му покажувај на глупавиот половина работа“. Подобро е малку да се искритикуваме себеси, наместо природата, бидејќи сé што се случува во неа, се случува во најсовршена форма. Затоа тука со Ниче можеме, благо речено, да не се согласиме. Потребно е да се согледа, кон што сето тоа води.

Денес природата нé доведе до состојба - да станеме луѓе. Од една страна јас се судрувам со својот егоизам, кој е специјално создаден во мене. Од друга страна јас гледам дека нема каде да бегам, дека мора да станам интегрален алтруист, во спротивно нема да преживеам. Истиот тој егоизам почнува да ми поткажува дека јас мора да се кренам над него: „Нема што да се прави. Гледаш каква е кризата и кон што води? На крајот, ако работиш само со мене, ќе се уништиш себеси. Тебе ти е даден само мал дел од космосот, оваа малечка топка и ти нема на неа долго да издржиш“. Односно, истиот тој развиен егоизам сега ми покажува како правилно да работам. Тој, како што рекол Маркс, самиот себеси ќе се закопа. Тој ни покажува во која насока треба да растеме – во насока, спротивна од нас. Сега можам, свесно тргнувајќи од него, да растам сам, јас имам за тоа основа. Јас сум егоист, јас многу добро ги знам своите желби – да го искористам целиот свет за мене, да ги потчинам сите, сите да работат за мене, како за старицата од приказната за златната рипка. И сега јас можам да сфатам дека сум спротивен на интегралната, глобална природа, и мора да се променам. Јас можам да претпоставам на каков начин тоа да го направам, што ми недостасува - токму самовоспитување. Јас намерно сум создаден таков, за да станам свесно суштество. Додека пак денес, јас сум несвесно суштество, кое автоматски ги извршува инстинктите, т.е. законите на природата, кои цело време во мене се возбудуваат. Јас дури и не знам, зошто така постапувам. Денес јас сум “човек без свест“. Целокупната моја свест е насочена само на опслужување на животното во мене.

Лет во интегралноста

Прашање: Дали човекот постојано ќе ја чувствува својата интегрална вклученост во сите?

М. Лајтман: Се разбира! Човекот цело време ќе се наоѓа во општество, кое ќе го поддржува, бидејќи тој целосно зависи од околната средина. Човекот што го гледаме сега, - е суштество без свест, ограничено, ништожно. И затоа особините, чувствата, постигнувањето, опсегот, кој ќе го открие во интегралниот систем, ќе биде милијарда пати поголем од она, што тој го открива внатре во својот мал, ништожен, затворен егоизам. Затоа, тој во никој случај нема да сака да се оддели од интегралноста, и да се повлече во себе „да одмори“. Бидејќи престојувањето во интегралниот систем за него веќе не е напор, туку напротив – одмор, лет, релаксација, а не грижа за себе. На духовното ниво тој го чувствува своето совршенство, својата вечност, независнот од телото.

 Нов вид на егоизам

Прашање: Човекот не може постојано да се наоѓа во една урамнотежена состојба. Луѓето, коишто се занимаваат во групите за интегрална обука исто така ќе чувствуваат осцилации на состојбите?

 М. Лајтман: Тие постојано престојуваат во осилација. Јас се вклучувам во групата, се растворам во неа, добивам од неа нови чувства, нова свест, ново скалило, ниво, кое се нарекува „човек“. Порано сум бил животно, додека пак сега, да речеме, сум човек. Што понатаму? Зарем на тоа застанувам? Јас сум вклучен во другите, се растворам во нив, тие влијаат врз мене, јас влијаам врз нив. И тоа е сé? Па каде е растежот? Растежот се појавува токму тогаш, кога вие се вклучувате во групата: и тука во вас почнува да се развива егоизмот против групата. Тоа е апсолутно нов вид на егоизам – човечки! Претходно, кај вас се развивал животински егоизам, бидејќи до сегашниот момент вие го поминувавте животинското ниво на егоистичкиот развој, а кога почнувате да се вклучувате во групата, во вас почнува да расте нов вид на егоизам – против вклучувањето во групата! Тоа е егоизам на нивото „човек“ – духовен егоизам. Тој се манифестира во вашата омраза кон сите, додека сега кај вас не постои посебна омраза. Вие не сфаќате што значи омраза, исто како што не сфаќате што е љубов.

А кога влегувате во групата и почнувате со неа да се соединувате, - тука почнуваат да се создаваат расцепи меѓу сите нејзини членови: страшна меѓусебна омраза, подготвеност да се направи сешто. Всушност, природата иницира во вас вистински оган: вие не можете да се зближите, не можете да се гледате еден со друг. Тогаш почнувате да ги чувствувате своите падови, во споредба со оние вклучувања во заедницата, кои предизвикуваат подем. Вие имате начин како да растете понатаму во апсолутно други квалитети. Во никој случај не треба да се спуштате од новото ниво, кое ние го нарекуваме „човек“, соединет систем, на разделениот систем – тој е целосно мртов.

Општеството – еден духовен организам

Прашање: Кога говориме за интегралната состојба, мислиме на општеството, или согласно со кабалата, на еден духовен организам?

М. Лајтман: Тоа е исто. Ние говориме за општеството, кое почнува да се чувствува како една заедничка целина. Во него се појавува колективна свест, колективно чувство, колективни потреби, колективен поглед на сé. Односно, целокупното општество станува една единствена целина, и почнува да ги чувствува сите природни нивоа заемно поврзани. И кога човекот ја вклучува во себе целата таа огромна природа, ја гледа, ја чувствува внатре во себе, тој почнува да се проникнува со нејзината програма. Станувајќи дел од таа програма, тој почнува да ја восприма целосно. Тој како да се гледа себеси како се родил пред милијарди години, и го продолжува својот развој милијарда години нанапред, затоа што почнува да се вклучува во целиот тој огромен организам на интегралната природа. Човекот почнува да ги чувствува сите сили, внатре во кои тој се наоѓа, и да сфаќа како тоа функционира, како влијае на него, како тој може да повлијае на себе, на својата судбина, на својата иднина, бидејќи е единствен во природата активен елемент – не инстинктивен, туку свесен. Но тој ќе го добие тоа само тогаш, кога ќе биде интегрално вклучен во сите природни нивоа. Тогаш тој ќе се искачи на највисокото природно ниво – нивото на Создателот, ако така може да се рече. Создателот не постои, природата е Создател. Но човекот го достигнува тоа ниво.

Прашање: Како да се дефинира поимот општество, бидејќи општеството и организмот се перцепираат како различни нешта. Општеството понекогаш го споредуваат со организам, то тоа е метафора, лик.

М. Лајтман: Овие поими се воспримаат како различни нешта за општеството, во кое сите елементи не се заемно поврзани. Ако тоа е организам, разбиен на делови, на парчиња, како болниот, кој се наоѓа во лоша состојба, кога сите негови системи излегле од рамнотежа, тогаш сте во право. Во таква состојба се наоѓа нашето денешно општество, кое ние се обидуваме некако да го спасиме од уништување, од целосен распад на сите негови системи. А кога сите системи се наоѓаат во заемна поддршка, во рамнотежа, секоја од нив и сите заедно, слично на човечкиот организам, - тогаш тоа претставува интегрално општество.

Реплика: Односно, ние треба да направиме јасна поделба меѓу претставите за општеството, кое владее во социологијата. Таму сé е многу едноставно: постои просто општество – првобитна заедница, племе, и постои сложено општество, кое треба да биде многу силно диференцирано.

М. Лајтман: Патем речено, првобитните заедници всушност претставувале интегрални општества. Кај нив тоа се базирало на инстинктивно ниво, како во животинскиот свет. Но ние се разликуваме од животинскиот свет по тоа што во нас пораснал егоизмот. И сега ние почнуваме да се соединуваме на друго ниво. Животните инстинктивно се соединети во интегрално општество. Така ги задржува природата, нејзиниот општ закон. А потоа, над нашето животинско тело пораснува егоизмот, и ние мора да почнеме да се интегрираме над него, заедно со него, односно токму егоизмот ни го дава новото ниво на интеграција.

Чувството на интегралност нема граници

Прашање: Како се одвива преодот од интегралноста на ниво на групи, кон интегралноста, која мора да го опфати целото човештво? Тој механизам е апсолутно неразбирлив. Истиот проблем постои и во науката: како да се формира општочовечка солидарност?

М. Лајтман: Тое е многу едноставно! Како прво, поголемиот дел од луѓето – е маса, која денес не знае што да работи, и се наоѓа во постојана криза. Што ли само не се случува со нив! Ние изгубивме цела генерација, и губиме уште повеќе. Луѓето сепак треба со нешто да се занимаваат. Со што ли може да се занимаваат луѓето, за на крајот да добиеме насочени кон целта, правилни, нормални граѓани, задоволни со она што го имаат, - рационално егзистенцијално ниво, луѓе, коишто сфаќаат, дека природата не нé создала постојано егоистички да растеме? Ние веќе го достигнавме врвот на тој развој. Понатаму не може да се расте! Цело време да произведуваме нешто, што утредента ќе се расипе, и само да ги чуваме зелените банкноти во банката – нема да може! Ние работиме на истоштување на природата, и на сопственото истоштување и деградирање. Ако тоа не го гледаме денес, во најскоро време многу јасно ќе го видиме. Затоа, нема да има друг излез, освен да работиме на интегралното воспитание. Човекот, кој ќе се наоѓа во групата за интегрална обука, ќе почувствува колку е интегрално поврзан со сите други луѓе, бидејќи чувството на интегралност нема граници! Интегралност – затоа така и се нарекува, бидејќи јас почнувам да се чувствувам како запчаник внатре во механизмот: од мене зависи целиот механизам, и јас зависам од него, а тој пак, зависи од друг механизам, и од друг. Така јас се развивам во таа интегралност! Јас почнувам да чувствувам дека ми е тесно во овие рамки! Интегралноста е токму таква, таа излегува од себе. Тоа не е егоизам, која се насочува навнатре, туку напротив, особина која излегува, те испушта надвор, те турка нанадвор. Во интегралната група јас почнувам да го губам своето егоистичко „јас“.

Прашање: Тоа е губење на „јас“ или губење на индивидуалноста?

М. Лајтман: Тоа не е губење на индивидуалноста! Тоа е правилна употреба на егоизмот, негова правилна реализација, притоа целосна, кога јас, наполнувајќи ги другите, самиот се полнам преку нив. Јас, како запчаник, се вклучувам во спојување со сите други запчаници, и тогаш целиот тој организам, целиот систем станува мој! Јас почнувам да чувствувам, дека тоа е – мое. Не е едноставно „мое“, како што нé убедуваа за време на градењето на комунизмот: “Сé ова е – твое!“. Тука јас навистина чувствувам, дека сето тоа сум јас, бидејќи се губи „јас“ и „тој“, и се создава „ние“. И тоа ново „ние“ егзистира во сите нас – ние живееме надвор од себе, ние живееме чувствувајќи го целиот организам. Јас – не сум клетка на тој организам, јас сум целиот организам! Во мерата, во која се вклучувам во него, јас го чувствувам во целост, и тоа претставува мој живот.

Да се апсорбира целиот универзум

Прашање: Како да се вклучиме еден во друг, за да се почувствуваме себеси во интегралниот систем? Како тоа се случува?

М. Лајтман: Тоа се случува заради фактот, што јас учам заедно со пријателите од групата, ние ја изучуваме историјата на нашиот развој, слободата на вољата, влијанието на средината врз човекот; што се тоа интегрални системи; на кој начин да се омаловажуваме себеси и да ги воздигнуваме другите, за да се поткренеме над себе. Всушност, јас не треба да се потиснувам. Тоа е само за да почувствувам што се наоѓа надвор од мене. Ние ја изучуваме ограниченоста на нашата егоистичка перцепција. Околу мене постои огромен свет, огромен простор, а јас не го гледам. Јас го гледам само она, што е добро за мојот мал егоизам, или само она, што е закана за него – едно од двете. А каде е сé друго? Кога се вклучувам во тој систем, јас ги проширувам своите чувства и своите интелектуални способности, почнувам да го чувствувам огромниот свет, огромниот систем, интеракцијата, целата природа. Јас почнувам да се чувствувам себеси на нејзиното вишо ниво – небаре сум го апсорбирал целиот универзум. Кога стигнуваме до такво ниво, ние конечно почнуваме да сфаќаме како да ја создадеме економијата, финансиите, како да организираме сé, што денес е во застој. Затоа што денес, од една страна ние сме егоисти, секој го влече ќебето на своја страна, а од друга страна, системот во кој ние егзистираме, станал светски, глобално зависен, и ние не знаеме како со него да работиме, затоа чувствуваме криза. Кризата претставува противречност меѓу нас и тој систем, кој одеднаш почнува да се манифестира како интегрален. Затоа треба ние да станеме интегрални, за да го сфатиме тој систем, да можеме со него да стапиме во интеракција, и да го поправиме. Денес ние не знаеме како треба да работат банките, индустријата, нашите заемни врски меѓусебно и во светот.

Растечка заемна зависност

Прашање: Ако во оваа фаза ние немаме многу правилна претстава за интегралното општество, тогаш природата ќе нé корегира?

М. Лајтман: Ние ќе го сфаќаме постепено, ќе се самообучуваме. Тоа е процес на самообука, како кај децата – апсолутно ист систем. Згора на тоа, човештвото веќе поседува такви материјали (особено ако говориме за кабалата), кои целосно ни покажуваат на кој начин да се движиме. Како човекот треба да соработува со луѓето што го опкружуваат? Да се изложи себеси под влијание на правилното опкружување. Зошто слободата на вољата се состои токму во тоа? Какви вредности треба да бидат возвишени најнапред? Притоа да се возвишат вештачки, а потоа човекот ќе почне да ги восприма, и да ги гледа како навистина темелни, неопходни. Потоа е неопходно вклучување во тоа општество, постепено растворање во него, при што човекот не го губи своето јас. Патем речено, ние не одиме против нашиот егоизам, ние во никој случај не го потиснуваме! Ние апсолутно ништо не потиснуваме во човекот! Тој не треба ништо да исфрла од себе. Не е важно кој си, каде си воспитуван претходно, и што си според твојот систем на верувања, според вродените особини, според гледиштата и вредностите, што си ги добил во процесот на воспитувањето, ти почнуваш да се вклучуваш во групата, која претставува мини општество, и во неа почнуваш да ја одработуваш таа интеракција. Најважно е, за што е тоа наменето? – За да создаде во човекот нови инструменти на поврзаност со другите, таков систем на комуникација, кога ќе почне да гледа, дека целосно зависи од другите.

Реплика: Човекот почнува веќе да ја согледува таа зависност, иако главно таа само го иритира.

М. Лајтман: Точно. Но не можеме да ја избегнеме! Мора нешто во врска со тоа да правиме! Во спротивно ќе бидеме уништени! Сега се зборува веќе за доаѓање на гладот, заладувањето, сушите, за страшните проблеми во економијата и финансиите и т.н. Луѓето ќе бидат избркани на улица, ќе порасне невработеноста. Односно сé се движи кон апсолутна дисхармонија. Токму тоа говори, дека ние мора да најдеме меѓу себе правилна точка на рамнотежа.

„Круна“ на природата, која не ги познава нејзините закони

Прашање: Денес се демонстрира нов холистички пристап кон системот на универзумот, нова слика на светот, во која сé е поврзано. Тоа, се разбира, прави голем придонес во науката. Но притоа во неа секогаш останува многу голем расцеп меѓу човечкото општество и природата. Односно општеството е едно нешто, културата – друго, а природата – трето...

М. Лајтман: Тоа е проблем на нашиот егоизам, бидејќи ние се сметаме небаре одделени од природата, а не како нејзин дел. Кога би погледнале од страна на нашата Земјина топка или на целокупната природа, би почнале да се прифаќаме како дел од природата, кој се наоѓа под неа, внатре во неа, наместо како дел, исклучен од неа. Без оглед на фактот, дека имаме можност да мислиме, расудуваме, истражуваме, да донесуваме заклучоци, тоа не значи дека ние се наоѓаме надвор од природните закони, - ние само сé уште малку ги познаваме, особено законите на човечкото општество. Суштината е во тоа. Или ние се ставаме над природата, и правиме сé што ќе посакаме – домаќин-господин, и на крајот правиме дејства, кои нé доведуваат до ќорсокак. Или се ставаме себеси внатре во природата, вклучувајќи се во нејзината интегралност, и тогаш мора таа интегралност да ја изучуваме, затоа што се наоѓаме внатре во неа, и мора да се потчинуваме на нејзините закони. Тоа е најважната појдовна точка – она, од што ние тргнуваме. Но ако малото човече, кое што сé уште не умее и не знае ништо, кое што се наоѓа заробено од своите нескротливи желби, побуди, се става над природата – тоа е навистина несериозно!

Идеална интегралност

Прашање: Дали сме способни во нашата сегашна состојба за вистинска интегралност, каква што таа идеално треба да биде?

М. Лајтман: Не. Вистинска интегралност е она, што ние можеме да го изучуваме од аналогните системи, од идеалистички или изолирани природни состојби, каде секој дел зависи од сите други делови. Сите тие се апсолутно заемно поврзани со бескрајно голем број на врски на различни нивоа. Секој дел ги определува сите други. Тоа е еден вид на холографска, аналогна шема, каде што истовремено се одвиваат влез, излез и други различни состојби, и затоа не може да се каже кој е прв, кој е последен, и редоследот на нештата. Тоа е систем, во кој секој ги чувствува апсолутно сите како самиот себеси. Вклучувањето на сите во сите е во таква целосна апсолутна форма, што личните интереси на секој од деловите воопшто не се земаат предвид, туку се зема предвид само работата на целокупниот систем – тој станува главен. Внатре во него веќе се одвива поделба на она, што е за системот поважно, и она што е помалку важно. Секој дел работи за целокупниот систем, а себеси се гледа само како давател на системот. Тоа се нарекува „интегрално вклучување“. Нормално, нашата егоистичка природа е апсолутно спротивна на таквата состојба. Ние не можеме да се вклучиме еден во друг, ние можеме да воспримаме, да чувствуваме, да бидеме меѓусебно поврзани само во таа мера, во која тоа ни е интересно: да сочувствуваме и т.н.

Нашата природа е – апсолутен егоизам. Ние не го забележуваме она, што не се однесува на нашиот егоизам, - нашите сетилни органи го фиксираат и ни го пренесуваат само она, што е корисно или штетно за него. Затоа алтруизмот не ни изгледа како можност за езгистенција. Ние обично го заменуваме со некои делумни сојузи, зближувања, но сето тоа не се вистински алтруистички особини, за кои се зборува во интегралниот систем, туку истиот тој егоизам, кој работи во одредена заемна поврзаност со другите, за да коегзистира, - ништо повеќе од тоа. Односно ние немаме никаков однос кон вистинскиот интегрален систем.

Од каде доаѓа силата на соединувањето?

М. Лајтман: Ние мора да сфатиме дека, ако човекот, како виша творба на природата, се стреми кон соединување, кон интегралност, иако не е во состојба да ја достигне, тогаш тој ја предизвикува интегралноста на природата, која работи за него. Ние тоа го забележуваме во различни системи, во различни објекти, дури и од нашето растење. Ние гледаме како се развива детето. Тоа прави инстинктивни обиди да стане возрасен, да успее во нешто. Тоа цело време се наоѓа во напори. Зошто тие обиди му успеваат? Зошто тие од него прават возрасен човек? Зошто на крајот од многубројните напори тој се обучува, станува голем, разумен, развиен? Затоа што токму со неговата желба тој ја предизвикува врз себе силата на природата, која го развива. Природата, која што нé развива, која што постепено направила од неживото ниво растително, животинско, а потоа и човекот, се одѕива на нашите напори, на нашите усилби. Ако се стремиме кон интегрирање со неа, кон интегрирање меѓу нас, тогаш на крајот ќе ја откриеме во нас манифестацијата на општата сила. Односно, стремејќи се кон соединување, ние ја предизвикуваме врз нас силата на соединување, која веќе постои во природата.

Само со ентузијазам нема далеку да стигнеме

Прашање: Од историјата ни се познати голем број обиди за создавање на заедници. Зошто природата не се одѕвала и не им помогнала?

М. Лајтман: Затоа што ние не ги воспитувавме луѓето. Сé се засновало само на ентузијастите. Можеби во нешто овие обиди биле привремено успешни, но потоа пропаднале, бидејќи ние не работевме на интегралното воспитание на човекот. Ние требаше да го развиеме човекот, да му покажеме во што се состои неговата слобода на вољата – токму во достигнувањето на хомеостазата со природата, рамнотежата меѓу себе и со природата, за да потпадне под нејзиниот општ закон - законот за рамнотежа. Целокупната природа се стреми кон исполнување на овој закон. Ние гледаме што се случува во сите нејзини делови. Сите дејства на природата имаат една цел – да стигнат до рамнотежа, до мирување. Без огледа на фактот, што се случуваат големи катаклизми, експлозии, секакви дејства, сеедно тоа е стремеж кон мирување, кон рамнотежа. Бидејќи мирувањето и рамнотежата во човечкото општество е – закон на сличност на природата, интегрирањето со неа. Затоа најважно е – правилното воспитување. Без него нема ништо да направиме. Луѓето тоа мора да го сфатат.

Реплика: Но некој период сепак постоел ентузијазмот.

М. Лајтман: Тоа бил само ентузијазам, изграден врз обична импулсивна мотивација за ова, и ништо повеќе. Треба да се воспитуваат луѓето, да се учат да се соединуваат! Тоа е цела наука. Токму за таа намена човекот ги добива од природата особините, кои што му овозможуваат да се воспитува себеси и да оди напред. Природата пак, ќе се одѕива на нашата желба за растеж исто, како што го развива малото дете – тоа е апсолутно истиот систем. Така ние постепено ќе се самообучуваме, и мајката-природа ќе нé поддржува.

Да создадеме интегрален лик на човекот

Прашање: По што се разликува егоизмот, што се манифестира меѓу членовите на интегралната група од животинскиот егоизам?

М. Лајтман: Тоа е егоизам од апсолутно ново ниво. Тој се создава само во оние, и во таа мера, во која човекот се стреми кон итегрирање. Тоа е како ново тело, кое се подготвувате сега да го создадете. Патем речено, него го создавате токму вие, а не некој друг. Склопувајќи од мали егоистички клетки ново тело, вие почнувате да чувствувате, во кој степен тие елементи се наоѓаат во меѓусебен антагонизам, во конфронтација, во противречност – и тоа навистина е така во нашето тело. Ако го земеме атомот -  зарем плусот и минусот не се спротивни еден на друг? Во исто време, без нивниот сојуз не би постоел елементот, од кој е создадена целата материја. Токму од борбата и соединувањето на спротивностите ние почнуваме сé да постигнуваме.

Ние самите, со нашите напори, позитивните и негативните особини, што еднакво се манифестираат во нас, го создаваме тој лик, тој интегрален систем, кој се нарекува „човек“. Ние позитивно се стремиме кон наша меѓусебна поврзаност, а добиваме негативен одговор - разединување . И со тоа разединување повторно се стремиме кон соединување на следното ниво, и повторно се одбиваме еден од друг со новиот егоизам. И така секој пат се креваме на нова и нова интеграција. Всушност, кој тука претставува човек? Човек е – оној што ги соединува двете спротивни сили на природата заедно. Тие две сили – не се наши. Ние ги набљудуваме оддалеку: сега јас ги мразам другите – се стремам кон љубов за нив; се соединувам со нив – се одбивам од нив. Во мене дејствуваат две сили на природата. Самиот јас сум – неутрален елемент, кој ги користи како две узди, или како две спротивни сили, плус и минус, и гради духовно човечко тело. Тоа е тело, во кое коегзистираат, како во дипол, егоизмот и алтруизмот, заемно меѓусебно поддржувајќи се.

Хаос или хармонично движење?

Прашање: Во Индија постојат учења, кои намерно ја реконструираат хаотичната состојба на душата на човекот, за да излезат потоа на ново духовно ниво.

М. Лајтман: Ние не создаваме хаос, тој самиот ни доаѓа во таа мера, во која сакаме да создадеме правилен модел во нашето меѓусебно соединување. Хаосот е внатре во човекот, бидејќи преминот од едно скалило на спознавањето на друго е како рестартирање на компјутерот. Затоа овој премин го чувствуваме како хаос, како божемно бришење на сé што било претходно, и создавање на ново. Но тоа не е бришење, туку само реструктуирање за следното ниво, вклучување на нова фрекфенција на работата: да речеме, од една фрекфенција јас преминувам на следната – помоќна, поширока. Ако човекот се стреми кон соединување, кон сличност на единствената природа, во него се создаваат секакви нови чувства, знаења, вклучувања, потребни за да се достигне поголема интеграција. Тука нема никакво уништување. Напротив, се случува пројавување на сé поголеми сили, но тие се манифестираат во таква форма, за да му дадат на човекот нова задача, како на мало дете, кој решавајќи ја, расте. Затоа тие ни се чинат спротивни, разединети, хаотични. Но тоа не е хаос. Сето тоа се пројавува само за да се кренеме на ново ниво, и да видиме дека сé се наоѓа во хармонично движење. Така нашето воспримање постојано се усовршува.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели