„Светлина на крајот од тунелот“ – „Нов живот“ №8, Емисија 5 јануари 2012 г.
Егоизам: граници на растот
Прашање: Вие често го спомнувате поимот егоизам. Понекогаш го оценувате како позитивен фактор на нашиот развој, додека понекогаш кажувате, дека сме премногу егоистични и мора да го намалиме нашето самољубие. Како тоа да се усогласи?
Одговор: Човекот е единствено суштество, во кое егоизмот секојдневно сè повеќе се развива, од година во година, во текот на целиот негов живот, а исто така и од генерација во генерација. Притоа, сите ние сме многу различни според формите на нашиот развој, кој нема сличен на него во животинскиот, а уште помалку во растителниот свет. Всушност, во тоа треба да се гледа позитивниот фактор, како и во секоја природна појава. Меѓутоа, човекот е склон тоа да го употреби за своја корист, а на штета на другите, и ние мора да го сопреме таквиот развој на настаните. Како? Преку воспитание: ние нагледно му покажуваме на човекот, дека на крајот на краиштата тоа нема да му донесе корист. Затоа што опкружувањето не се согласува да ја трпи штетата од неговите дејства, и затоа на крајот, тој си прави штета себеси. Значи, нашето его претставува позитивна сила, добра особина, со чија помош ние се развиваме. Некогаш, за да го прехранам моето семејство јас бев принуден тешко да работам од утро до мрак на парче земја, истовремено водејќи грижа за овците, кравите и кокошките. Денес, благодарение на егоистичкиот прогрес, ние користиме машини, биолошки инжинеринг и земјоделски технологии, и всушност доволно е да работам два часа дневно, за да си обезбедам храна, облека, покрив над глава и сè друго.
Бројот на луѓето на Земјината топка достигна седум милијарди, и продолжува да расте. Затоа, доволно е луѓето да работат еден или два часа дневно – со тоа тие ќе го снабдат човештвото со сè што е потребно, и сигурно нема никого да го остават подолу од границата на сиромаштијата. Секое семејство ќе има живеалиште, пристоен доход, облека, греење, безбедност, здравје, пензии, одмор, образование на децата – сè што му е потребно на човекот за обезбедување на неговите основни животни потреби. Ние можеме тоа да го направиме. Досега напред нè водела силата на егоизмот, за што нека му е чест и слава. Благодарност и на нашата желба за тоа, што нè побудувала да се развиваме. Меѓутоа денес работата стигна до таму, што ние можеме да го искористиме својот потенцијал за создавање на бомби, за тотална власт на човекот над човек, народот над народ. Ние веќе се плашиме од утрешниот ден, се уништуваме себеси, ја уништуваме Земјата и т.н. Затоа дојде време да се напипа границата: до која граница нашата растечка желба претставува добро, и од кој момент почнува да преовладува негативот. И тогаш ние гледаме: целиот проблем е во тоа, како да се искористи желбата. Ако јас ја насочувам во корист на ближните – таа сигурно ќе биде за добро. Во тој случај јас ќе ја применувам мојата желба само до одредена граница – додека тоа е добро за светот. А на светот му е добро, кога тој престојува во рамнотежа со природата, кога не зема премногу од неа, кога остава ресурси за следните генерации, кога не ја загадува Земјата, лишувајќи се од вода за пиење и чист воздух. Значи, постои инструмент, со чија помош ние можеме да се насочиме кон доброто, наместо кон злото. Тој инструмент е – намерата за добро на ближниот.
Да речеме, мојот дом изобилува со добра, голем број апарати, направи и др. Исто така, имам син кој расте. Јас издвојувам за него посебна соба, и ја уредувам така, детето да нема од што да падне, да не се удри на острите ќошиња, и да не може да се повреди со што и да е. Му носам само безбедни играчки – меки или од пластика, подот го покривам со килим. Кратко речено, јас создавам за синот „обвивка“, која ќе му обезбеди сигурен и успешен развој. А подоцна, колку повеќе тој разбира, колку поправилно ги употребува сите средства, толку повеќе јас му дозволувам – бидејќи сум сигурен, дека тие работи тој ќе ги употреби за негово добро. На ист начин треба да се подготвуваат и членовите на општеството за правилна примена на ресурсите – но не заради лична корист, туку за добро на другите. Бидејќи ние сфаќаме, дека егоизмот нè поведе по непожелен пат. Наместо да бараме добра примена на неопходните работи, ние развиваме средства за вооружување, бараме можност да доминираме еден над друг. Затоа ќе нè спаси само воспитанието, кое ќе им даде на луѓето намера за добро на ближниот, за полза на околината. Тогаш секој ќе може правилно да гради однос, и да се реализира себеси во правилна насока. Каде тогаш се протега границата, која го одделува добриот егоизам од лошиот? Тоа секој човек ќе го одредува сам, согласно со нивото на добиеното воспитание. Постепено ние мора да му покажуваме примери на добриот развој, за тој да се поткрева над својот егоизам, сè додека не научи правилно и сигурно да управува со него, за доброто на сите.
Егоизам: да се скроти, но да не се ликвидира
Всушност, растечката егоистичка желба би можела да биде корисна за нашето напредување, кога таа би се равивала не само заради личната корист, туку и за доброто на околината. Сфаќајќи го тоа, ние „би се држале за раце“, за да не му дозволиме на нашиот егоизам да нè раздели. И тогаш сите негови импулси, што раѓаат во нас ралични желби и барања, би носеле само добро на општеството. Дали е тоа возможно? Од историјата гледаме, дека не е можно. Напротив, растечкиот егоизам постепено се претворал во планина на омраза, завист, страсти, суета и огромна амбиција. На крајот денес се најдовме во длабока криза: ние имаме сè, но имаме лош однос еден кон друг, и затоа не можеме да воспоставиме добри закони. Нашиот живот е лишен од комфор, нам ни е лошо, имаме проблеми со безбедноста и зравјето, со својата конкуренција ја уништуваме природата, и т.н. Употребувајќи го својот егоизам за зло, ние инстинктивно тоа не го контролираме, и затоа животот предизвикува во нас сè полоши чувства. На таков начин Природата со нејзините закони двојно се однесува кон нас: од една страна таа го развива во нас егоизмот, а од друга страна, ни покажува дека оваа лоша сила, што постојано расте во нас, ги разединува луѓето, ги спротивставува еден на друг, претставува причина на сите наши несреќи. Токму заради таа лоша сила ние добиваме казни. Во мене сега постојат два спротивни фактори: од една страна, исконска побуда да го ставам моето добро над доброто на другите, да си угодувам себеси на нивна сметка, за да чувствувам задоволство; од друга страна, задоволството јас не го достигнувам – напротив, заради таа сила на развојот се уништува општеството, науката, образованието, културата, личниот живот и т.н. Што може во врска со тоа да се направи? Да ли сме способни да ја промениме формата на примена на нашиот егоизам? И ако е така, тогаш преку што?
Природата е единствена сила, која влијае врз целата реалност, која нè затвора во власта на единствениот закон за соединување, сомилост и љубов, законот за давање. Ние гледаме како Природата ги активира сите свои делови на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Оттука произлегува поимот за животот, развојот: тој е невозможен ако постојано не додаваме од себе топлина, храна – сè што ќе затреба. Тогаш, како во Природата да го најдеме она, што не го наоѓаме во нас – силата која ќе го скроти нашиот егоизам, и ќе ни овозможи да го искористиме за добро? Поентата не е во тоа, да се спуштиме од скалилото на големи егоисти, - зошто токму егоистичката мотивација, егоистичкиот импулс ни овозможува да се развиваме. Благодарение на прогресот, денес ние можеме да си дозволиме голем број работи, надвор од постојаната трка, наменета да си обезбедиме храна, домашна благосостојба, облека и здравје. Ние сме слободни во нашиот живот, имаме време дури и за одмор, кој можеме да го посветиме на активностите за добро на општеството. И кога веќе егоизмот ни донесе такви достигнувања во науката и техниката – ајде да видиме како може да го искористиме за добри цели, како да го смириме, т.е. да го пренасочиме од омраза кон ближниот, во љубов кон ближниот. Притоа ние ќе го задржиме сето добро од нашиот живот, и ќе можеме да се развиваме понатаму во сите сфери, нека се тоа семејство, образование, култура, здравје, и т.н. Ние ќе напредуваме, ќе го освојуваме космосот, но со добро – само ако сфатиме како да ја контролираме нашата егоистичка природа, за какви цели да ја употребиме. А таа треба да се употребува за доброто на околината, општеството. Денес секој ја гледа сопствената корист; ние пак, мора да му додадеме на човекот нова способност – да го има предвид општеството во целост. Тогаш тој ќе се почувствува исто, како што се чувствувал пред илјадници години во своето село, каде што сите биле браќа. Во тое време сите луѓе се грижеле еден за друг, бидејќи нивниот егоизам сè уште не бил развиен. Тогаш, како денес да го поткренеме човекот над егоизмот, тој повторно да ги восприма другите луѓе како браќа, како едно семејство? Дали тоа е возможно? Како да се имплантира во нас тоа знаење, тоа чувство, тие да дејствуваат инстинктивно, наместо да се надминуваат, што практично е невозможно?
Каде е лекот, кој ќе ми овозможи да го гледам светот преку „интегрални“ наочари и да видам, дека сите се единствени? Не сум знаел и немав идеја, но примив таблета и сега гледам, дека сите седум милијарди – се дел од мене, мои блиски. Згора на тоа: ако денес јас се правам важен, го кревам носот пред блиските, - во иднина ќе почувствувам потреба да се грижам за нив, во најмала мера како за лично за себе, дури како за моите деца, чија среќа за мене е поважна од мојата среќа.
Каде е пилулата, со чија помош секој ќе поправи само едно нешто – својот однос кон околината, кон целото човештво? Наоѓајќи го лекот, ние сигурно ќе го продолжиме развојот, без оглед на сегашната криза, која нè стопира во сите области. Денес ние како да влеговме во ќорсокак, или се изгубивме во пустината, не знаејќи каде да одиме. Токму тогаш мора да се замислиме каде да земеме сили за да ја скротиме својата природа, и да ја искористиме цела во спротивна насока. Денес јас инстинктивно го држам на правецот за сопствена корист, и сакам да го потчинам целиот свет на мојата власт, иако од тоа не излегува ништо добро, и јас само страдам. Значи, треба да се промени тој однос во спротивен – јас да се грижам за доброто на ближните, околината, кои инстинктивно ги воспримам како мои деца. Ако на сите им се даде таков лек, светот ќе се наполни со љубов.